Природен лек за главоболка: Овој домашен лек има ист ефект како 1000 мг парацетамол

Фото: Pixabay
55

Главоболките можат сериозно да го ограничат квалитетот на животот. Се проценува дека еден од четири возрасни лица страда од тензиски главоболки. Оние кои страдаат од главоболки често се обидуваат да ја ублажат болката со лекови, но некои природни лекови исто така помагаат.

На Тик-Ток, докторот Феликс М. Берндт, познат како „Док Феликс“, открил ефикасно за ова е маслото од нане.

Овој природен производ има ист ефект како 1000 мг парацетамол – вели докторот. Ментолот од маслото од нане има ефект на ладење, па кога се нанесува на челото, слепоочниците или вратот, може да предизвика студен стимул што го блокира пренесувањето на болката. Различни студии покажуваат и дека маслото од нане помага против главоболки. Достапно е во аптеките, но можете да го направите и сами.

Измијте и згмечете неколку листови од нане и ставете ги во тегла.
Потоа прелијте ги листовите со растително масло (сончогледово или масло од репка), додека листовите не се целосно покриени. Затворете ја теглата и оставете ја на собна температура, под сенка, четири до шест недели. Повремено протресете ја теглата за да им помогнете на активните состојки подобро да се растворат.
По 4-6 недели, процедете низ цедалка за чај во темни стаклени шишиња и вашето масло од нане е подготвено.