Природен лек за маснотии во крвта: Суви смокви во оцет
Дали вашите последни тестови покажаа покачени нивоа на маснотии во крвта?
Хиперлипидемијата, или зголемениот број на маснотии, погодува сè поголем број луѓе, најмногу поради нездравиот начин на живот, лошата исхрана и пушењето.
Луѓето со хиперлипидемија имаат зголемен ризик од атеросклероза, како и други болести на кардиоваскуларниот систем.
Затоа е важно што поскоро да се преземат сите неопходни чекори за оваа состојба да не прерасне во нешто уште поопасно.
Покрај промената на исхраната и начинот на живот, можете да користите и природни рецепти за намалување на маснотиите во крвта.
Ви откриваме еден стар народен лек кој ќе ви помогне да ги намалите мастите и триглицеридите. Сѐ што ви е потребно за ова се суви смокви и квалитетен јаболков оцет.
Иако свежите смокви се достапни само кон крајот на летото, добрата вест е што можете да набавите суви смокви и да ги јадете во текот на целата година.
Правилно исушените смокви имаат поголема содржина на антиоксиданти и фенолни материи (важни за намалување на мастите) од свежите.
Доколку имате своја смоква, задолжително исушете ги овие сочни и супер здрави плодови за да ги имате во текот на целата година.
Кога станува збор за јаболков оцет, изберете висококвалитетен органски, или домашен, бидејќи има најголеми лековити својства.
Придобивките од смоквите за циркулаторниот систем
Меѓу другото, смоквите се богати со витамини А, Б и К и минерали, како што се магнезиум, манган, бакар, калиум, фосфор и цинк.
И свежи и суви смоквите се одличен извор на исклучително важен минерал – железото.
Освен што ги намалува мастите, благодарение на изобилството на диетални влакна, смоквите се вистински природен лаксатив, што значи дека го елиминираат запекот и го поттикнуваат варењето.
Една сува смоква содржи дури 129 мг калиум и само 2 мг натриум, што е одлична вест за оние кои консумираат многу сол.
Вишокот сол доведува до нерамнотежа помеѓу натриумот и калиумот, што е предизвикувач на хипертензија или висок крвен притисок.
Сувите смокви ги враќаат овие два минерали во рамнотежа и помагаат во намалување на крвниот притисок, а со тоа го штитат здравјето на крвните садови и срцето.
Сувите смокви се богати со моќни антиоксиданти, кои го потиснуваат дејството на слободните радикали.
Слободните радикали можат да ги оштетат крвните садови и да го загрозат здравјето на срцето.
Исто така, важно е да се напомене дека смоквите не содржат масти.
Јаболков оцет – традиционален природен лек за вишок маснотии
Јаболковиот оцет е еден од најпознатите природни лекови во народната медицина.
Уште од времето на Хипократ се користи како помошно средство за лекување на разни болести, од дебелина до дијабетес, па сè до болести на крвните садови.
Бидејќи има ефект на намалување на маснотиите во крвта, како што покажуваат студиите, тој е ценет и како природен лек за хиперлипидемија.
Истражувањето покажало дека кај луѓето кои во текот на осум недели секојдневно консумирале јаболков оцет, нивото на лошиот холестерол се намалило.
Дневната консумација на 15 мл јаболков оцет (750 мг оцетна киселина) исто така ги намалува симптомите на други состојби, како што се дебелината и хипертензијата.
Конзумирањето на органски јаболков оцет секако придонесува за намалување на крвниот притисок, како и за здраво слабеење.
Терапевтските својства на јаболковиот оцет главно се должат на оцетната киселина, како и на фенолните супстанции кои го подобруваат метаболизмот на липидите.
Суви смокви во оцет – рецепт
Навечер земете три суви смокви и добро избоцкајте ги со чепкалка за заби.
Ставете ги во тегла во која сте ставиле 2 дл јаболков оцет (по можност домашен).
Оставете ги да отстојат преку ноќ и конзумирајте ги следниот ден.
Секоја вечер подгответе три нови смокви и јадете ги наутро. Можете да го користите истиот оцет една недела.
Потоа користете нов оцет и конзумирајте смокви со оцет секој ден во текот на 14 дена, колку што трае оваа природна терапија.