Природни лекови за гихт: Исфрлете ја уричната киселина од телото

Фото: Pexels
972

Насобирањето на мокрачната киселина може да предизвика болки во зглобовите, па дури и гихт. Еве неколку совети за отстранување на мочната киселина од телото.

Гихтот е воспалителна форма на артритис која се појавува во форма на црвенило, оток на зглобовите и болка. Понекогаш е дури и многу болно да се движите, се чувствува вкочанетост и отекување на телото. Честа причина за гихт е вишокот на урична киселина во телото.

Кога бубрезите не ја вршат добро својата работа и не можат да ја отстранат целата мочна киселина од телото, таа се кристализира и се таложи околу зглобовите. Ова доведува до почеток на воспалителниот процес.

Како да се отстрани уричната киселина од телото?
Луѓето кои имаат вишок на урична киселина во телото мора да ја променат исхраната. Храната мора да се базира на свежо овошје и зеленчук. Морските плодови, месото, алкохолот и преработените шеќери доведуваат до зголемување на урична киселина во организмот.

Не заборавајте да пиете што повеќе вода. Добро е да се консумираат природни сокови како и билни чаеви. Ова се најефикасните лекови за отстранување на уричната киселина од телото:

Сода бикарбона
Измешајте половина лажичка сода бикарбона и чаша вода. Пијте го ова еднаш дневно. Ако имате гихт, испијте една цела лажичка сода бикарбона растворена во чаша свежа вода.

Лимонада
Лимонадата го алкализира телото и помага да се избегнат многу здравствени проблеми, вклучително и гихт. Секое утро на празен стомак, пред појадок, пијте 200 мл топла вода измешана со сок од половина лимон.

Јаболков оцет
Јаболковиот оцет делува слично како и лимонадата. Тој помага да се создаде алкална средина во телото. Разредете една лажица оцет во 200 мл вода и пијте 2 пати на ден, едната чаша пред ручек, а другата пред вечера.

Рецепт за напиток од 4 состојки со кој успешно ќе се изборите со гихтот
Состојки:

  1. Грст стебленца од целер (зелениот дел помеѓу коренот и листовите)
  2. Парче свеж ѓумбир (од 2 до 3 цм големина)
  3. Половина свежа краставица со средна големина
  4. Сок од половина лимон по желба

Приготвување:

Целерот, ѓумбирот и краставиците ситно исечкајте ги, ставете ги во блендер и убаво измешајте. На крај додадете го сокот од половина лимон. Напитокот испијте го веднаш бидејќи е најдобро кога е свеж.

Храна која го отстранува вишокот на урична киселина:

Куркума
Ананас
Ленено семе