Природни лекови за висок притисок

Фото: Pexels
120

Високиот крвен притисок го зголемува ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар. За среќа, постојат голем број намирници кои можат да ви помогнат да ја добиете битката против покачениот притисок. Ви нудиме три народни лека кои можете да почнете да ги применувате веднаш

Ако страдате од покачен крвен притисок сигурно знаете дека не смеете да си дозволите да не го третирате. Имено, третманот на хипертензија бара упорност и редовна консултација со лекар бидејќи, доколку не се контролира и остане на горната граница долго време, тој го зголемува ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар.

Се препорачува секојдневно мерење на крвниот притисок и употреба на некои природни лекови, но само со одобрение од лекар, особено ако веќе земате лекови како редовен дел од терапијата.

За среќа, постојат голем број намирници кои можат да ви помогнат да ја добиете битката против покачениот притисок. Овојпат ви нудиме три рецепти.

Мед со цимет
Лесната хипертензија успешно се лекува со мед и цимет, а идеална е и за слабеење.

Измешајте 500 грама ливадски мед и 250 грама цимет во прав, а потоа земајте по една лажичка од оваа смеса три пати на ден и консумирајте ја 30 минути пред оброците.

Потоа направете тримесечна пауза и повторете ја постапката.

Лук
Лукот ги штити крвните зрнца и вените од воспалителни и оксидативни процеси, па затоа игра важна улога за здравјето на кардиоваскуларниот систем.

Оштетувањето на вените е еден од клучните фактори што го зголемуваат ризикот од срцев удар, атеросклероза и мозочно крварење.

Еве го и рецептот за народен лек за покачен крвен притисок од лук и од лимон.

Состојки:
3 лимони
3 главици лук
1 л филтрирана вода
стерилизирани стаклени шишиња.

Приготвување:
Измијте ги лимоните, одвојте ги чешнињата од главиците на лукот и исчистете ги.
Лимоните и лукот исечкајте ги на ситни парчиња или сè накратко изблендирајте во блендер.
Сварете литар вода.
Смесата се става во врелата вода и се остава да се вари кратко време.
Откако ќе достигне точка на вриење, исклучете ја топлината и оставете ја смесата природно да се излади.
Кога ќе се излади, процедете ја низ цедалка или преку газа. Со раце убаво стиснете за да го исцедите целиот сок.
Истурете ја течноста во стерилизирани шишиња, означете го датумот и чувајте го во фрижидер до три недели.
Пијте по една чаша (50 мл) на ден неколку часа пред оброк или неколку часа потоа. Продолжете додека не го испиете целиот еликсир, кој ќе биде доволен за околу три недели. Направете пауза една недела, а потоа направете уште една доза од еликсирот и пијте го три недели или додека не го потрошите. Потоа направете пауза шест месеци. Доколку е потребно, продолжете по шест месеци.

Ленено семе, јаболко, кромид и маслиново масло

Во електрична мелница сомелете 100 грама ленено семе и ставете го во соодветен сад.

Сè се вари со топла вода, а потоа затворете го садот и оставете да отстои цела ноќ.

Следниот ден изрендајте едно јаболко, изгмечете едно чешне лук и заедно со 1 дл маслиново масло сè убаво измешајте.

Земајте една лажица од смесата три пати на ден, 30 минути по главните оброци.