Ако ви здодеаа класичните прилози кои се јадат со риба, пробајте го овој рецепт за здрав и заситен прилог од зеленчук. Вреди да се потрудите!
Состојки:
4 парчиња ослиќ
2 црвени пиперки
5 листови зелка
1 главица црвен кромид
1 конзерва пченка
1 конзерва грав
4 супени лажици маслиново масло
1 лажица сок од лимон
Подготовка:
Рибата подгответе ја по желба или чувајте ја кратко време во маслиново масло, лимон, лук, рузмарин и лук и испечете ја во таа маринада во рерна.
Исчистете ја и измијте ја пиперката, па исечкајте ја на коцки и пропржете ја на две лажици маслиново масло додека не омекне.
Додадете исечена зелка, малку вода (околу 100 мл) и пропржете со повремено мешање додека течноста не зоврие и зеленчукот не омекне.
Додадете половина главица сечкан кромид и измиени и исцедени пченка и грав, а потоа мешајте уште 3-4 минути. На крајот додадете зачини и преостанатиот кромид, пропржете уште една минута или две, па тргнете од оган и додадете 2 лажици маслиново масло и сок од лимон и сè измешајте. Послужете со рибата.