Промената во сетилото за вкус може да биде ран знак за висок шеќер во крвта

Фото: Pexels
91

Пациентите кои страдаат од некоја форма на рак и се лекуваат со зрачење и хемотерапија, често доживуваат промени во вкусот. Со хемотерапија лековите се вбризгуваат во крвотокот, а преку крвотокот стигнуваат до плунката, па пациентите често се жалат на метален вкус во устата.. Исто така, металниот вкус доаѓа и од бројните штетни материи содржани во само една цигара.


Колку пати сте ја слушнале познатата фраза дека здравјето започнува од вашата уста? Но, што се случува кога дури и тоа здраво го менува вкусот затоа што нашето сетило за вкус не функционира на вистински начин?

Важен фактор за одржување на целокупното здравје е превенцијата и оралната нега. Од мали нозе не учат како правилно да ги четкаме забите и да одржуваме орална хигиена. Честопати, промените низ кои поминува организмот се одразуваат токму на јазикот или забите.

Речиси сите сме доживеале метален вкус во устата
Нашето сетило за вкус е способно да препознае стотици и стотици различни вкусови, и пријатни и помалку пријатни. Речиси и да нема личност која барем еднаш во животот не почувствувала метален вкус во устата. Уживањето во храната и пијалакот може целосно да ја изгуби својата привлечност кога ќе наидеме на нарушување на вкусот. Особено ако спаѓате во групата гурмани, за кои едно од најголемите животни задоволства е пробување на различни вкусови на модерната и традиционалната кујна. Дури и мало губење на сетилото за вкус значително влијае и го менува квалитетот на животот.

Во повеќето случаи, нарушувањето на вкусот или дисгеузијата не трае долго и обично се решава со зголемена орална хигиена.

Во принцип, нема причина да се грижите, но дефинитивно треба да ја побарате причината за овој проблем. Меѓутоа, ако овој симптом не исчезне, па дури и се влоши со текот на времето, неопходно е да се побара лекарска помош. Тој ќе ве упати кои тестови треба да се направат за да откриете што е проблемот и да најдете решение за оваа состојба што е можно поскоро.

Причини за нарушување на вкусот

Најчеста причина за метален вкус е лошата орална хигиена. Ако не ги миете забите редовно, може да добиете инфекција, пародонтална болест и воспаление на непцата или гингивитис. Кога ќе се појави и најмала настинка или алергија, затнатиот нос може да предизвика и непријатен вкус во устата. Антибиотиците, лековите за крвен притисок, лековите кои се користат за психијатриски состојби и гихт, како и лековите за лекување на камења во бубрезите, може да предизвикаат метален вкус бидејќи се излачуваат преку плунката.

Различни видови на антидепресиви имаат спротивен ефект; предизвикуваат сува уста и на тој начин создаваат метален вкус. Многу суплементи и витамини можат да ја предизвикаат оваа состојба, бидејќи содржат различни метали како што се железо, цинк, калциум и бакар.

Многу е важно никогаш да не земате витамини и додатоци без консултација со лекар, бидејќи дозите лесно може да се надминат и да доведат до контраефекти.

Пациентите кои страдаат од некоја форма на рак и се лекуваат со зрачење и хемотерапија, често доживуваат промени во вкусот. Со хемотерапија лековите се вбризгуваат во крвотокот, а преку крвотокот стигнуваат до плунката, па пациентите често се жалат на метален вкус во устата.

Непријатната состојба, како што е рефлуксот на киселина, што е враќање на стомачната киселина во устата, може да ги оштети рецепторите за вкус.

Се препорачува да се откажете од пушењето, бидејќи научно е докажано дека пушачите се помалку способни да препознаат одредени вкусови. Металниот вкус доаѓа од бројните штетни материи содржани во само една цигара. Оштетувањето на нервите од траума или невролошки состојби, како што е мултиплекс склероза, кои влијаат на централниот нервен систем, може да го прикријат нашето чувство за вкус.

Алергиите на храна, првенствено алергиите на јаткасти плодови и морски плодови, често имаат промена на вкусот во устата како ран предупредувачки знак. Прашајте го вашиот лекар навремено кои мерки на претпазливост треба да ги преземете доколку навистина имате алергија, за да избегнете состојба на анафилактичен шок, кој може да биде фатален.

Намалувањето на сетилото за вкус доаѓа со возраста, но доколку имате промени во мозокот кои се резултат на деменција, промените во вкусот ќе бидат поинтензивни.

Оваа промена се повеќе се јавува кај луѓето чија исхрана е богата со риба. Претходните истражувања сугерираат дека живата и другите отровни метали се наоѓаат во речиси сите видови риби, што е последица на загадувањето на водата. Труењето со разни пестициди и вдишувањето штетни материи неминовно ќе придонесе за промена на вкусот во устата.

Врската помеѓу високиот шеќер во крвта и металниот вкус во устата

Дијабетесот е состојба во која телото не произведува доволно инсулин или кога телото неправилно го користи инсулинот, предизвикувајќи таложење на шеќер во крвотокот. Промената во сетилото за вкус може да биде ран знак за висок шеќер во крвта.

Пациентите кои користат метформин како терапија се жалат на метален вкус. Лекарите сметаат дека тоа е последица на излачувањето на лекот во плунката и дека нема причина за загриженост. Во тој случај, вкусот се враќа за максимум две недели, колку обично му е потребно на телото да се навикне на некој лек.

Ако страдате од дијабетес, сигурно сте се соочиле со сувост на устата и дехидрација. Сува уста со прекумерна количина шеќер во плунката може да активира габа која може да ги оштети непцата, јазикот и забите. Затоа, зајакната орална хигиена е неопходна за луѓето кои страдаат од некоја форма на покачен шеќер во крвта.

Бременост и метален вкус во устата

Металниот вкус за време на бременоста може да биде резултат на хормоналните промени што ги носи оваа состојба. Во телото на трудницата се забележува зголемување на производството на хормонот естроген, кој има големо влијание врз сетилото за вкус.

Може да се јави и кај трудници кои имаат зголемен апетит, но и кај трудници кои не можат ништо да јадат поради мачнини.

Најчесто се јавува во раните фази од бременоста, иако може да се појави и подоцна. Има случаи кога промената на сетилото за вкус се појавува во раните фази, потоа исчезнува и повторно се појавува. Кај некои трудници оваа непријатна состојба може да трае и цели девет месеци.

Ако се појави инфекција за време на бременоста, лековите дадени орално или интравенозно може да предизвикаат метален вкус. Најчест „виновник“ за оваа непријатност во текот на бременоста е земањето суплементи на железо, кои трудниците ги земаат поради анемија или низок крвен притисок.

Минералите и витамините што се користат за бременоста да помине што е можно помирно, исто така, може да предизвикаат промена на вкусот. Во тој случај треба да се консултирате со гинеколог кој ќе ви препише друг лек кој ќе го замени оној кој ви правел проблеми.

Да заклучиме… Бремените жени често се вознемируваат поради промените во вкусот, мислејќи дека јаделе расипана храна или дека нивното здравје на забите е загрозено. Некои трудници сакаат да го маскираат овој вкус со јадење кисели краставички, надевајќи се дека ќе го елиминираат металниот вкус. Некои трудници поради чувствителноста и изразениот метален вкус имаат силен нагон за повраќање. Научно е докажано, преку различни студии во кои се вклучени трудници, дека оваа непријатна состојба исчезнува штом ќе заврши раѓањето и ќе почнете да уживате во вашето мало новородено чудо.