Добрата вест е дека детоксикацијата не мора нужно да биде скапа. Според овој рецепт, сѐ што ви треба за ефикасно чистење на телото се три состојки!
Во денешно време сме изложени на токсини од воздухот што го дишеме, а дополнително го оптоваруваме телото со адитиви и други штетни состојки од преработената храна и водата што ја пиеме. Да бидат работите уште полоши, буквално се капеме во електромагнетното зрачење од уредите со кои сме опкружени.
Сето ова доведува до зголемена концентрација на токсини и тешки метали, кои нашето тело не успева да ги елиминира. Кога телото повеќе не може да ја толерира количината на штетни материи, тоа испраќа аларм во форма на сериозни болести.
За да го надминете овој проблем и да го исчистите телото од токсини, направете си детоксикација најмалку два пати годишно.
Добрата вест е дека детоксикацијата не мора нужно да биде скапа.
Според овој рецепт, сѐ што ви треба за ефикасно чистење на телото се овие три состојки: кефир, брашно од хељда и мед.
Кефир – храна за долговечни луѓе
Кефирот е основна храна за луѓето од Кавказ со милениуми. Овој ферментиран млечен производ со причина се нарекува „еликсир на долговечноста и здравјето“.
Познато е дека луѓето кои го консумираат наутро се чувствуваат многу подобро во текот на денот.
Кефирот содржи добри бактерии кои го помагаат варењето и ги чистат цревата од остатоците од храна. Покрај тоа, тој е одличен и за помагање на црниот дроб, кој е главното средство за чистење на телото.
Овој млечен производ има уште едно одлично својство – хипоалергично е, што значи дека може да го консумираат дури и оние кои инаку имаат алергија на млеко.
Наместо да купувате готов индустриски произведен кефир, многу подобро е доколку сте во можност сами да го направите дома.
Хељда – ја земаат и спортистите
Брашното од хељда е најпознато меѓу оние кои се чувствителни на глутен. Ова брашно без глутен, богато со витамини и минерали, има многу корисен ефект врз целото тело.
Освен што го зајакнува имунитетот, ги зајакнува крвните садови и помага во спречување на атеросклероза, хељдата ја поттикнува циркулацијата и доброто варење, што е основен предуслов за исфрлање на токсините од телото.
Таа го чисти телото и во исто време го храни со потребните хранливи материи, па нема ризик со детоксикацијата да го изгубите она што му е потребно на вашето тело.
Дали знаевте дека спортистите користат хењда не само за чистење на цревата и телото од токсините, туку и за зголемување на силата и издржливоста?
Друга предност на ова здраво брашно е тоа што брзо создава чувство на ситост.
Брашното од хељда е одлично во комбинација со кефир бидејќи во оваа синергија не само што ги чистат цревата и крвните садови, туку и го зголемуваат нивото на хемоглобин во крвта и го стимулираат метаболизмот.
Комбинираниот кефир и хељдата го чистат целиот дигестивен систем и го обновуваат балансот на микроелементите. Ако конзумирате брашно од хељда и кефир, ќе го избалансирате нивото на шеќер во крвта, а ако страдате од неправилно варење, ќе го решите и тој проблем.
Мед – вистинска ризница на антиоксиданти
Иако не мора да додавате мед во овој рецепт, тој е секогаш добредојдена состојка.
Медот, кој е вистинска ризница на антиоксиданти и хранливи материи, исто така промовира чистење на телото, истовремено снабдувајќи го со витамини и минерали.
Рецепт за детоксикација
Состојки:
1 лажица брашно од хељда
180 мл кефир
малку мед (по избор)
Подготовка:
Во вечерните часови измешајте брашно од хељда и кефир. Оставете го да отстои во фрижидер до наутро.
Кога ќе станете, додадете го медот и повторно добро измешајте.
Консумирајте наместо појадок. После тоа, не јадете ништо најмалку 3 часа. Практикувајте ја оваа детоксикација две недели.
Освен што ќе го исчистите телото од токсини, ќе го изгубите и вишокот килограми на здрав начин.