Рецепт за чоколатца од 5 состојки – можете да ги јадете без грижа на совест

Фото: Pexels
35

Строгите ограничувања никогаш не носат долгорочни резултати, па затоа, дури и ако сте на диета, не се воздржувајте кога ќе почувствувате желба за нешто слатко. Само направете си поздрава верзија.

Ако сте на диета или се обидувате да водите здрав начин на живот – веројатно сте запознаени со онаа внатрешна борба кога имате неодолива желба за нешто благо, а потоа, кога ќе потклекнете, имате грижа на совест. Но, понекогаш, покрај сета дисциплина и рамнотежа, едноставно не можеме да одолееме и тоа е сосема во ред.

Она што можеби не е во ред се слатките од продавница полни со шеќер и непотребни адитиви. Наместо тоа, можеме сами да си направиме десерти во поздрава варијанта, која е исто толку вкусна, но многу подобра за нашето тело и енергија. Вистина е дека кога јадеме паметно подготвени слатки, не се чувствуваме уморни и не ја губиме енергијата, туку токму спротивното, се чувствуваме задоволни и среќни.

А бидејќи строгите ограничувања никогаш не носат долгорочни резултати, наместо да ги избегнуваме слатките по секоја цена, да ги приспособиме и да ги направиме самите со подобри состојки, без рафиниран шеќер, но сепак неодоливо вкусни.

Затоа, ако денес чувствувате желба за нешто слатко, направете го сами. Уживајте во секој залак и запомнете: здравиот начин на живот не е казна, туку начин да се чувствувате добро во своја кожа.

Поздрави „Сникерс“ чоколатца од пет состојки

Состојки:

Кикиритки
Урми
Сол
Путер од кикиритки
Чоколадо

Подготовка:

Ставете ги кикиритките во блендер и исечкајте ги на ситни трошки.
Потоа додадете ги урмите и продолжете со мешањето заедно со сечканите кикиритки.
Смесата е готова и можеме да ја ставиме во сад.
Израмнете ја смесата за да го покрие дното на садот.
Во друг сад изматете го путерот од кикиритки со рачен миксер и истурете го врз основата во садот и премачкајте го.
Одозгора посипете кикиритки и лесно притиснете ги во смесата.
Ставете го во замрзнувач на краток период на ладење.
Извадете ги и исечете ги на стапчиња како вистински Сникерс и прелијте со растопено чоколадо врз секое парче од двете страни.
Овие чоколатца се совршен избор за брз и здрав десерт, идеален кога сакате нешто слатко.