Рецепт за најлесен и супер кремаст колач (ВИДЕО)

Фото: Јутјуб скриншот
129

Се прави многу лесно и брзо, а потребните состојки сигурно веќе ги имате во фрижидер

Ако во фрижидерот имате павлака, тогаш имате речиси сѐ што ви треба за овој вкусен колач со кремаст фил од павлака.

Под претпоставка дека другите состојки се основни намирници кои вообичаено сите ги имаме дома.

Едноставен, кремаст и толку уникатен – овој колач со фил од павлака ќе ви стане омилен.

Состојки за тестото:

2 жолчки
80 гр путер
70 гр шеќер
1 рендан лимон
200 гр брашно
1 лажичка прашок за пециво

Состојки за кремот:

2 белки
80 гр шеќер
400 гр павлака

3 лажици брашно

Приготвување:

Ставете ги јајцата во поголем сад, а потоа додадете шеќер и изматете ги рачна маталка.

Додадете го стопениот путер, а потоа продолжете да мешате додека не се соединат состојките. Додадете брашно, лимон и прашок за пециво, па рачно месете го тестото додека не добиете компактна смеса.

Од тестото направете две топчиња со иста големина, па завиткајте ги со проѕирна фолија и оставете ги во фрижидер околу 30 минути.

Изматете ги белките со шеќерот додека не добиете цврст снег, а потоа додадете павлака, па брашно. Мешајте додека не добиете соединет и фин крем.

Подмачкајте го огноотпорниот сад со путер и брашно, а потоа развлечете едно топче тесто по целата површина на садот, така што ќе се распредели рамномерно.

Истурете го филот врз тестото и раширете го рамномерно со лажица.

Изрендајте го другото топче тесто врз филот.

Ставете го во рерна и печете околу 35 минути на 180 степени Целзиусови.

Кога колачот е печен, поросете го со шеќер во прав и исечете го на коцки.

Подолу е и видеото во кое можете да го видите начинот на приготвување на овој вкусен колач.