Револуционерна диета: Сувите сливи како тајна за брзо слабеење!

Фото: Freepik
54

Истражувачите од Универзитетот во Ливерпул, кои спровеле многу сериозен експеримент, докажале дека сливите за слабеење не се само мит. Тие откриле дека консумирањето сливи како дел од здравата исхрана доведува до значително губење на тежината.


За да се мотивирате и полесно да ги поминете првите денови од диетата, обидете се со брза диета со сливи што може да ви помогне да изгубите и до пет килограми за неколку дена.

Откако ќе ја завршите оваа диета, можете постепено да воведувате други здрави промени, како што се редовни тренинзи во теретана или некоја друга физичка активност.

Доколку немате поголем вишок килограми, исто можете да ја испробате и оваа диета, бидејќи е наменета и за оние кои сакаат да изгубат некој килограм вишок што ги дели од совршената фигура за краток временски период.

Важно е само после диетата да не се вратите на старите прехранбени навики, за да не се вратат и килограмите. Затоа и после диетата треба да избегнувате нездрави грицки и слатки.

Освен влакна, сувите сливи содржат и антиоксиданти, поточно вреден бета каротен, витамини Е и Ц, фитохемикалии и други елементи. Кога станува збор за минералите кои го сочинуваат нивниот состав, вреди да се споменат бакарот и калиумот.

За оние кои сакаат да јадат суви сливи, оваа диета е идеална, бидејќи се базира главно на суви сливи, кои ќе ве држат сити за време на диетата, а се и многу хранливи и здрави.

Сувите сливи имаат екстремно силно лаксативно дејство, поради што се познати како народен лек против запек. Истражувачите од Универзитетот во Ливерпул, кои спровеле многу сериозен експеримент, докажале дека сливите за слабеење не се само мит.

Тие откриле дека консумирањето сливи како дел од здравата исхрана доведува до значително губење на тежината.