Ручек за „час“

288

Модри патлиџани, сиренце, лукче, маслинов зејтин и малку свеж магдонос, па уште и ако имате старо лепче…

Ова е еден од најлесните, најбрзте, ама и највкусните оброци во лето.

Прво се мијат модрите патлиџани, се сечат на пола и се ставаат во загреана рерна. Кога ќе омекнат, ги вадите, ја гмечите внатрешноста со вилушка, ставате дробено сирење, многу лук и маслиново масло, враќате во рерна на 5 минути и готово.

На крај можете да наросите свеж магдонос.

Ако имате старо лепче, потпечете го во рерната, натопено со маслиново и со неколку парченца домати одозгора.