Еден од најефикасните лекови против целулит е рузмаринот во алкохол. Ова неверојатно растение има бројни здравствени придобивки, а овој лек е многу лесен за подготовка.
За жал, целулитот е чест проблем, а жените се посклони кон него, дури 90 проценти од оние над 18 години имаат целулит.
Се состои од клеточен отпад, масти и вода, а најчесто се појавува на колковите и бутовите. Наликува на кора од портокал.
Најчестите причини за целулит се масната и пржената храна, како и кофеинот. Со помош на природни лекови, користејќи здрави состојки, целулитот може да се отстрани или да се намали на едноставен начин.
Еден од најефикасните лекови против целулит е рузмаринот во алкохол. Ова неверојатно растение има бројни здравствени придобивки, а овој лек е многу лесен за подготовка.
Рузмаринот расте во градини, шуми, па дури може да се одгледува во саксија дома или да се купи во најблиската билна аптека или продавница за здрава храна.
Рузмаринот во алкохол ќе биде од голема помош кај следниве здравствени проблеми:
– Целулит
– Против настинки и грип
– Болки во вратот
– Модринки
– Проблеми со циркулацијата и проширени вени
– Спречува опаѓање на косата
– Болки во мускулите, истегнувања, болки во зглобовите и ревматизам
Рузмарин во алкохол – Начин на подготовка:
Состојки:
– 1 гранче свеж рузмарин, лисја и цветови, доколку е можно
– Алкохол (медицински алкохол, но можете да користите и ракија)
– 1 стаклен сад (мало шише)
Подготовка:
Можете да користите сушени лисја и цветови, но тие нема да биде исто. Доколку е можно, исечкајте го целото растение на помали парчиња и ставете го во сад или мало стаклено шише.
Прелијте го со алкохол до врвот. Затворете цврсто и оставете да отстои 15 дена на темно место. Потоа процедете и истурете во стаклен сад и повторно чувајте на темно место.
Примена:
Треба да ја користите оваа мешавина од рузмарин и за масажа на стапалата. Најдобро е да го направите ова пред спиење за да делува преку ноќ.