Сѐ повеќе земји ја забрануваат црвената прехранбена боја

Фото: Pexels/Pixabay
18

Американската агенција за храна и лекови одлучи да ја забрани употребата на синтетичка црвена боја во храната и пијалаците.

Неодамнешните истражувања покажале дека високите дози на црвена боја бр. 3, еден од најчесто користените адитиви за подобрување на изгледот на храната и пијалаците, може да предизвикаат рак кај стаорците.

Првично одобрен во 1907 година, адитивот беше главен во многу популарни намирници, вклучувајќи бонбони, житарки и додатоци во исхраната, па дури и замрзнато овошје.

Во 1980 година, авторите на студијата алармираат за неговиот потенцијал да предизвика рак, особено откако се покажало дека високите дози на бојата предизвикуваат тумори кај машките стаорци.

Иако истражувањето предизвика загриженост, ФДА не презеде итна акција, наведувајќи дека ефектите врз луѓето не биле докажани.

Сепак, во последниве години, бројни групи за притисок и законодавци се сè погласни, што ја натера ФДА да ја преиспита својата позиција.

Во средата, на 15 јануари, ФДА објави дека планира да ја отстрани црвената боја бр.3 од листата на одобрени адитиви, повикувајќи се на закон со кој се забрануваат сите адитиви во храната за кои е познато дека предизвикуваат рак кај луѓето и животните.

Оваа одлука на Агенцијата ја пренесоа како ударна вест бројни американски медиуми.

Центарот за наука, кој покрена петиција во 2022 година барајќи од ФДА да преземе акција, го поздрави овој потег, но го нарече „задоцнет“.

Притоа, тој укажа на фактот дека бојата веќе била забранета во козметиката, но досега останала легална во храната и пијалаците.

„Конечно, ФДА одлучи да стави крај на регулаторниот парадокс дека црвениот број 3 е нелегален за употреба во кармин, но совршено легален во бонбоните“, се вели во соопштението на Центарот.

Покрај Центарот за наука, скоро дваесетина пратеници неодамна ја повикаа ФДА да преземе акција заради безбедноста на децата.

„Ниту една естетска причина не може да ја оправда употребата на канцерогени во нашата храна“, се наведува во нивното писмо.

Други земји, вклучувајќи ги Јапонија, Австралија и Нов Зеланд, веќе ја ограничија или забранија употребата на црвениот бр. 3 во прехранбените производи.

Сега Америка го следи нивниот пример.

ФДА им даде рок на производителите до 2027 година да ја отстранат црвената боја од нивните производи, додека фармацевтските компании ќе имаат дополнителна година да се усогласат со новите прописи.