Сакате да го задржите холестеролот во нормални граници? Ова се намирниците што треба да ги избегнувате

Фото: Pexels
214

Лошиот холестерол доведува до формирање на наслаги на ѕидовите на крвните садови, што го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар

Постојат два главни типа на холестерол HDL (липопротеини со висока густина) или таканаречен добар холестерол и LDL (липопротеини со мала густина) кој се нарекува лош холестерол.

ЛДЛ или лошиот холестерол е опасен бидејќи неговото покачено ниво може да доведе до формирање на наслаги на ѕидовите на крвните садови, што го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар.

Пет намирници кои го зголемуваат нивото на лошиот холестерол

Јадењето храна со висок процент на лош холестерол е докажано дека е опасно за здравјето на долг рок. За жал, многу луѓе јадат таква храна на дневна основа. Проверете дали сте меѓу нив.

Црвено месо

    Дали сакате стекови, свинско или говедско месо? Треба да знаете дека тие се богати со заситени масти и го зголемуваат нивото на холестерол во крвта.

    Полномасно млеко и млечни производи

      Ако го започнете денот со чаша полномасно млеко, путер на леб или полна павлака или јогурт, треба да размислите за тоа. Сите овие намирници се богати со холестерол, па затоа би било подобро да ги јадете поретко.

      Месни производи

        Месните производи, како што се сланината, колбасите или виршлите се богати со холестерол и го зголемуваат ризикот од развој на срцеви заболувања. Треба да го ограничите внесот на овие намирници.

        Пекарски производи

          Доколку кексите, колачите, крофните и слично се ваша утешна храна, треба да знаете дека доведуваат до зголемување на нивото на холестерол.

          Ако навистина не можете без нив, обидете се сами да ги подготвите вашите десерти или изберете ги оние со што помалку штетни состојки.

          Пржена храна

            Од помфрит до пржено пилешко, листата на омилени и широко популарни пржени јадења е многу долга.

            Во секој случај, пораката е да престанете да консумирате таква храна која содржи високи количини на заситени масти и холестерол.