САКАТЕ СЛАНИНА? Имаме одличен рецепт за џем од пропржена крцкава сланинка!

Фото: Фејсбук
196

Се обложуваме дека за многумина ова ќе биде првпат да направат ваков џем. Благодарение на тоа што одлично се согласува со широк спектар на јадења, џемот од сланина сѐ повеќе се наоѓа во модерните рецепти, а лесно можете да го подготвите и сами.

Џемот од сланина се здоби со голема популарност во последниве години. Се користи како слатко-солен зачин за многу јадења. Иако нема долга историја, ќе збогати многу традиционални јадења од различни светски кујни.

Благодарение на тоа што одлично оди со широк спектар на јадења, сè почесто го среќаваме во модерните рецепти. Можете лесно да го подготвите сами, а само вашата фантазија е граница за сите комбинации и јадења кои ќе ги кренете на едно повисоко ниво токму со неговиот посебен слатко-солен вкус.

Освежен со јаболков оцет и домати, а сепак со доволна сладост од прекрасно карамелизираниот кромид и нота на лутина, овој џем ќе ги задоволи и најпребирливите непца и ќе ги оживее дури и најздодевните јадења.

За почеток, пробајте го со тост и јајце, во сендвичи со сирење, плескавици или со крекери и козјо сирење. Џемот од сланина може да се чува во фрижидер до две недели во херметички затворена тегла.

Експериментирајте и уживајте!

Состојки за џем од сланина:
340 гр сланина исечкана на коцки (приближно половина сантиметар по страна)
1 голема главица жолт кромид, ситно сечкан
3 чешниња лук, згмечени
1 пиперка халапено, преполовена, исечена и смелена
сол
црн пипер
50 гр кафеав шеќер
50 мл јаболков оцет
1 среден домат, исчистен и исечен на коцки со големина на коцките сланина
2 супени лажици доматна паста

Приготвување на џем од сланина:
Во тава од леано железо со средна големина, пропржете ја сланината на умерен оган, мешајќи повремено, додека не стане крцкава, околу 11 минути.
Истурете го вишокот маснотии, оставајќи само колку да го покрие дното.
Во тавата во која сте ја прежеле сланината додадете ги кромидот, лукот и пиперката халапено и зачинете со сол и пипер. Се динста на умерен оган, повремено мешајќи додека не омекне кромидот, околу 12 минути.
Помешајте го кафеавиот шеќер и кога кромидот ќе почне да се карамелизира (ќе трае околу 8 минути), истурете го оцетот и варете додека малку да се намали, 2 до 3 минути.
Додадете ја пржената сланина, доматот и доматната паста, делумно покријте и варете на тивок оган, повремено мешајќи додека не се формира густ џем (околу 45 минути). По потреба додадете сол и пипер.
Префрлете го џемот од сланина во тегла и оставете го целосно да се излади пред да го затворите со капак.