Салмонела во летната салата: Како да препознаеме 5 симптоми на труење

47

Инфекцијата е последица од консумирање заразена храна, а можна е и по употреба на краставици или домати.

Салмонелата е бактерија која предизвикува непријатни проблеми со желудникот и е предизвикана главно од консумирање контаминирано месо, јајца и млечни производи.

Инфекцијата се пренесува по фекално-орален пат, а најголем број случаи на инфекција се регистрираат во текот на летните месеци.

Салмонелата се смета за болест на валкани раце и се пренесува преку контакт со заразена храна, но и преку вкрстена контаминација. На пример, при сечкање на заразено пилешко на даска за сечење, а потоа при подготовка на салата од краставици или домати на истата работна површина.

Карактеристики на салмонелата

Салмонелата е грам-негативна бактерија во облик на стапче. Групи на салмонела, кои предизвикуваат болести кај луѓето, се поделени на тифусни и нетифусни соеви. Честите инфекции на дигестивниот тракт (салмонелоза) се предизвикани од нетифусни соеви на салмонела. Кај салмонелозата, инкубациониот период е од 6 до 72 часа, а симптомите траат од 4 до 7 дена.

– Често гледаме пациенти со инфекција со салмонела во одделот за итни случаи. Инфекцијата е последица од консумирање заразена храна, а можна е и по употреба на краставици или домати. Мерките за јавно здравје, зголемената хигиена и инспекција на месото се од витално значење за спречување и запирање на инфекцијата, вели д-р Арџун Венкатеш, од Yale School of Medicine.

Симптоми на салмонелоза

Дијареја
Дијарејата е еден од првите симптоми на труење со храна. Столицата е „воденаста“ и „слузава“, вели д-р Венкатеш.

– Ако забележите крв во столицата, посетете лекар што е можно поскоро – додава докторот.

Грчеви
Грчевите во желудникот се чести по труење со салмонела. Д-р Венкатеш вели дека грчевите во желудникот понекогаш можат да бидат исклучително силни.

Мачнина

Мачнината е чест симптом на стомачни тегоби и реакција на инфекција со салмонела.

– Ненадејна мачнина се јавува два до четири часа по јадење – забележува д-р Венкатеш.

Повраќање
Труењето со храна предизвикано од салмонела често е придружено со повраќање.

– Ова е карактеристичен знак на инфекција и може да трае некое време. Ако повраќањето трае подолго од два дена, задолжително посетете лекар – нагласува д-р Венкатеш.

Губење на апетитот
Ова е уште еден симптом на инфекција со салмонела. Губењето на апетитот може да трае неколку дена.

– Во случај на повраќање, важно е да се обрне внимание на дехидрацијата. Се препорачува често да се пие вода, но не во големи количини одеднаш – објаснува д-р Венкатеш.

Ако по некое време нема подобрување, туку напротив, симптомите стануваат потешки, задолжително консултирајте се со лекар.

Како можеме да се заштитиме од салмонела?
Д-р Венкатеш забележува дека постојат неколку начини на кои можеме да се заштитиме од инфекција:

Подобрете ја хигиената: Темелно измијте ги рацете, храната, овошјето и зеленчукот пред да подготвувате храна. Темелно истријте ја кората за да ги отстраните сите можни остатоци од салмонела.
Чисти работни површини и прибор: Препорачливо е работните површини и приборот за подготовка на храна да се одржуваат микробиолошки чисти.
Избегнувајте сирови јајца: Салмонелата се добива преку неварено месо и изнутрици од живина, мелено месо, риба, јајца (присутна е и на лушпата), во цревата на заразените лица и во столицата.
Изолација на живинско месо: Препорачливо е да се спречи контакт на живинско месо со друга храна.
Соодветно складирање и подготовка на храна: Бактериите брзо се размножуваат на собна температура и во млаки јадења. Се препорачува чистата храна да се чува во фрижидер и јадењата да се подготвуваат на температури повисоки од 75 степени. Експертите напоменуваат дека длабокото замрзнување на храната не ја уништува салмонелата.