Само што го изедовте ова? Седум најлоши типови на појадок кои нѐ дебелеат и нѐ разболуваат

Фото: Pexels
419

Ги советувам сите кои немаат навика да појадуваат, а сакаат да живеат поздраво и да ја корегираат тежината, здравиот, квалитетен појадок да им биде секојдневна обврска! Тоа е мала промена, но носи голема корист, порачува нутриционистката Славица Стојановиќ.

Славица Стојановиќ е нутриционистка од соседна Србија која некогаш се борела со дебелината. Една клучна навика ѝ помогнала засекогаш да се ослободи од вишокот килограми, а токму со оваа навика многумина грешат.

Станува збор за појадокот.

Нутриционистката ги набројува најлошите можни опции за појадок на Инстаграм, а се покажало дека повеќето од нас најчесто вака појадуваат.

Според нутриционистката, тој лош избор изгледа вака:

1. само кафе

2. брза храна

3. инстант овесна каша

4. колачи

5. слатки

6. само овошје

7. прескокнување на појадокот

„Денот се познава по утрото, но и по појадокот“ – вели нутриционистката Славица Стојановиќ и продолжува: „Доколку го започнете денот со квалитетен оброк, кој содржи протеини, здрави масти и сложени јаглехидрати, многу е помала веројатноста да имате напади на глад и желба за слатки во текот на денот.

Ова се неколку примери на појадок кои не се пожелни за здрава и урамнотежена исхрана.

Избегнувањето на појадокот е исто толку лош избор“.

Проблемот е што повеќето од нас избираат нешто од оваа „црна листа“ за почеток на денот.

„Само размислете што појадувавте минатата недела и веројатно ќе се сетите барем една или две-три ставки од оваа листа. А она што е особено загрижувачко е што постојат некои опции за кои многу луѓе мислат дека се здрави, како што се овесната каша и овошјето.

Но, житарките од продавниците често се полни со додаден шеќер, а само овошјето како прв оброк не е најдобрата опција поради евентуалниот скок на шеќерот во крвта“, објаснува Славица Стојановиќ за nova.rs.

Таа во текот на студирањето успеала да си го реши проблемот со килограмите токму затоа што внимавала што јаде наутро.

„Пиењето кафе на празен стомак и земањето на првиот оброк дури попладне го заменив со хранлив и квалитетен појадок во првите час-два по станувањето“.

Појадокот и денес е нејзиниот омилен оброк.

„Она што обично го појадувам се јајца, понекогаш со додаден зеленчук, пиперки, тиквички, печурки, понекогаш со печеница, со задолжителна порција свежа салата со маслиново масло и сок од лимон или јаболков оцет, со леб од цело зрно…

Ги советувам сите кои немаат навика да појадуваат, а сакаат да живеат поздраво и да ја корегираат тежината, здравиот, квалитетен појадок нека биде секојдневна обврска! Тоа е мала промена, но носи голема корист“.