Се сметаат за едни од најздравите семки на светот: Го намалуваат холестеролот, а помагаат и при хипертензија

Фото: Pexels
485

Урамнотежената исхрана е богата со намирници со квалитетен состав, а еден вид на семки се особено хранливи и имаат бројни здравствени придобивки.

Семињата се одличен додаток во исхраната бидејќи се богати со хранливи материи, вклучувајќи здрави масти, протеини, влакна, витамини, минерали и антиоксиданти.

Секој тип на семе има уникатен нутритивен профил, но според Healthline, едно посебно се издвојува.

Станува збор за сусамот – мали и богати со масло семиња кои растат во мешунките на растението Sesamum indicum.

Семето од сусам може да има бројни здравствени придобивки, а ова се некои од нив.

Добар извор на влакна
30 грама неизлупено семе од сусам обезбедуваат 3,5 грама влакна, што е 12% од препорачаната дневна доза. Влакната се важни за варењето и можат да го намалат ризикот од срцеви заболувања, одредени видови на рак, дебелина и дијабетес тип 2.

Го намалуваат холестеролот и триглицеридите
Истражувањата покажуваат дека редовното консумирање семе од сусам може да го намали високиот холестерол и триглицеридите, кои се фактори на ризик за срцеви заболувања.

Помагаат за намалување на крвниот притисок
Семето од сусам е богато со магнезиум, кој може да го намали крвниот притисок и антиоксиданти кои можат да го спречат создавањето наслаги во артериите.

Поддршка на здравјето на коските
Семето од сусам, особено неизлупеното, е богато со калциум, магнезиум, манган и цинк, кои придонесуваат за здравјето на коските.

Богати се со антивоспалителни својства

Семето и маслото од сусам може да имаат антиинфламаторни својства, благодарение на соединението сеамин, кое може да помогне во борбата против хроничното воспаление поврзано со болести како што се ракот и срцевите заболувања.

Го стабилизираат нивото на шеќер во крвта
Ниската количина на јаглени хидрати и високата количина на протеини и здрави масти во семето од сусам може да помогнат во регулирањето на шеќерот во крвта.

Поддршка на имунолошкиот систем
Поради содржината на цинк, селен, бакар, железо, витамини Б6 и Е, сусамот го зајакнува имунитетот.