Шеќерче и водичка? Комбинацијата која се дава како прва помош може да ја спаси планетата!

Фото: Pexels
784

Знаете ли зошто треба да ставите чаша вода со лажица шеќер во својот двор?

Направете добра работа! Ставете лажица шеќер во чаша вода и оставете ја во својот двор!

Дали знаевте дека една третина од храната што ја јадеме ја опрашиле пчелите и дека тие се всушност заслужни за исхраната на 90 отсто од светската популација?

Затоа британскиот природонаучник Дејвид Атенборо советува во секој двор да има по една лажица шеќер во чаша вода за да можат пчелите да се нахранат и да добијат енергија за да се вратат до својата кошница.

Имено, пчелите често знаат дека се изморат, па немаат сила да се вратат во кошницата поради патот што го поминале.

Доколку пчелите исчезнат од нашиот еколошки систем, човештвото би имало сериозен проблем, но, за жал, тоа го правиме секојдневно користејќи пестициди, а за исчезнувањето на пчелите се виновни и урбанизацијата како и климатските промени, поради што бројот на пчелите драстично се намалува.

„Доколку пчелите исчезнат од планетата, на луѓето би им останале само уште четири години живот“, рекол своевремено Атенборо.

Затоа, ако не сакате тоа да се случи и ако во вашата градина ги гледате овие инсекти, измешајте лажица шеќер со лажица вода и оставете ја на видно место. Мешавината од шеќер и вода ќе ги рехидрира и ќе им ја даде потребната енергија за да ја продолжат својата работа која е од витална важност за сите нас.