Шест „здрави“ намирници кои ги поврзуваат со рак на дебело црево

Фото: Pexels
160

Многу од таканаречените здрави намирници што ги консумираме секој ден, како што се лајт јогуртот, протеинските шејкови или млеката на растителна основа, често содржат скриени адитиви кои би можеле да бидат поштетни за нашето здравје отколку што мислиме.

Научниците сè повеќе предупредуваат дека карагенанот, целулозната гума и слични адитиви ја нарушуваат цревната рамнотежа и не се толку безопасни како што се прикажуваат.

Многу од таканаречените здрави намирници што ги консумираме секој ден, како што се лајт јогуртот, протеинските шејкови или млеката на растителна основа, често содржат скриени адитиви кои би можеле да бидат поштетни за нашето здравје отколку што мислиме.

Едни од најпроблематичните се емулгаторите, супстанции што се додаваат во храната за да ја направат покремаста, постабилна и подолготрајна, но кои исто така можат сериозно да ја нарушат рамнотежата на цревната микробиота, да предизвикаат воспаление и да го зголемат ризикот од развој на рак на дебело црево.

Според д-р Марија Абреу, професорка и специјалистка за цревни заболувања на Универзитетот во Мајами, научните истражувања покажуваат дека хроничните воспаленија кои во организмот ги предизвикуваат емулгаторите, може да биде клучен фактор за загрижувачкото зголемување на ракот на дебело црево во светот.

Иако американската ФДА сè уште ги класифицира емулгаторите како „генерално безбедни“, има сè повеќе докази дека нивната честа консумација може да има сериозни здравствени последици. Подолу, даваме преглед на секојдневните намирници кои најчесто ги содржат овие адитиви.

Протеински шејкови
Една од првите намирници на листата се протеинските шејкови, особено оние во шишиња што ги купуваме во продавници или теретани. Тие често содржат карагенан, згуснувач кој му помага на пијалакот да изгледа кремаст и да има подолг рок на траење. Сепак, во киселата средина на нашиот желудник, карагенанот може да се разгради во форма што предизвикува воспалителни процеси, а студиите врз животни покажале и зголемен ризик од создавање тумори.

Путер од кикиритки

Путерот од кикиритки што го наоѓаме на полиците во продавниците исто така не е безопасен. Многу брендови содржат моно и диглицериди, синтетички емулгатори кои го спречуваат маслото да се одвои од остатокот од масата. Студиите, вклучително и голема француска студија од 2024 година во која биле следени повеќе од 92.000 луѓе, ги поврзале овие адитиви со нарушување на цревната флора и поголем ризик од рак на дојка, простата и дебело црево.

Млека од растително потекло

Млеката од растително потекло како бадемовото, овесното и соиното млеко се сè попопуларни како алтернативи на кравјото млеко, но повеќето комерцијални верзии содржат ксантанска гума. Овој емулгатор често се рекламира како природен и безбеден, но неодамнешните истражувања покажуваат дека може да го промени составот и функцијата на цревната микробиота, зголемувајќи го ризикот од хронично воспаление и заболувања на цревата.

Рендан кашкавал
Дури и ренданиот кашкавал во кесичка, кое на многу луѓе им заштедува време во кујната, често содржи адитиви како карбоксиметилцелулоза, позната и како целулозна гума. Овој додаток спречува лепење на сирењето и го продолжува неговиот рок на траење, но се покажало дека предизвикува воспалителни промени во цревата што создаваат плодно тло за развој на рак.

Јогурти со ниска масленост
Таканаречените лесни јогурти, кои многумина ги избираат поради нивната содржина на ниска масленост и висока содржина на протеини, исто така често се полни со емулгатори како што е карагенан. Иако им даваат мазна и кремаста текстура, овие адитиви ја нарушуваат деликатната рамнотежа на добрите бактерии во цревата, што може да предизвика воспалителни процеси и долгорочно да го зголеми ризикот од рак.

Енергетски плочки

Енергетските плочки, омилена ужина и за зафатените луѓе и за рекреативните спортисти, често содржат комбинација од соин лецитин, моно и диглицериди и карагенан. Додека некои од овие состојки може да имаат неутрален или дури и корисен ефект, други, особено моно и диглицеридите, продолжуваат да предизвикуваат загриженост поради својата поврзаност со воспаленијата и оштетувањата на цревната слузница.

Како заклучок, иако многу од овие намирници се рекламираат како здрави, нивниот вистински состав крие адитиви кои можат долгорочно да им наштетат на цревата и да го поттикнат развојот на болести. Сè повеќе експерти предупредуваат дека исхраната богата со индустриски преработени производи, дури и оние што се промовираат како здрави и богати со протеини, може да биде една од причините зошто гледаме зголемување на ракот на дебелото црево.