Шпанскиот класик pan con tomate, всушност постои и под други имиња во разни земји… Или барем некоја слична варијанта. Правевме и ние уште како деца, ама наместо да им дадеме фенси име на вака подготвените лепчиња, ги викавме „лепчиња од рерна“. Многу некреативно, нели? Ама подеднакво вкусно. Наједноставното јадење е дефинитивно, највкусно, нели?
Оние сочни, слатки домати што ги чекавме толку долго конечно пристигнаа и ги обожаваме во сите нивни форми, но нашите омилени се всушност подготвени на наједноставен начин. Исечени, зачинети со малку маслиново масло, сол, бибер и неколку листови босилек или, уште подобро, изрендани со некој додаток и послужени на парче стар препечен леб.
Токму вака се подготвува шпанскиот класичен пан кон домате. Ако вообичаено сакате да го започнете или завршите денот со парче леб, откако ќе го пробате ова, веруваме дека ќе ви стане омилено. Ако веќе не сте го пробале.
Имено, шпанскиот класик pan con tomate, всушност постои под други имиња во разни земји…Или барем некоја слична варијанта. Правевме и ние уште како деца, ама наместо да им дадеме фенси име на вака подготвените лепчиња, ги викавме „лепчиња од рерна“. Многу некреативно, нели? Ама подеднакво вкусно. Наједноставното јадење е дефинитивно, највкусно, нели?
Како да го направите?
Пан кон домате не може да биде поедноставно. Ќе ви треба убав, голем и месест домат, кој прво ќе го изрендате во сад. Потоа додадете малку маслиново масло, сол и бибер. Ова ќе биде основата што ја прават и Шпанците, а ако сакате и имате свој вкус, можете дополнително да го зачините со свеж босилек, оригано, мајчина душица, лук, инчуни и капари. Ви го оставаме рецептот подолу.
Добиената смеса добро измешајте ја, а потоа намачкајте ја врз препечен леб. Најдобро е прво да го испрскате со малку маслиново масло, а потоа да го препечете во тава, но и едноставен тост од рерна или тостер ќе биде добра опција. Подобро е кога лебот е покрцкав и потврд, бидејќи доматот нема да го натопи премногу брзо, па во еден залак ќе имате крцкав и свеж, кремаст елемент. Исто така, лебот е секогаш посладок кога ќе се истрие со лук и кога е сè уште топол.
Пан кон домате се служи таков каков што е, бидејќи токму така е најдобар, но ако сакате да го направите повозбудлив или едноставно сакате да изгледа поубаво кога ќе го ставите ова јадење пред вашите гости, можете да наредите и малку пршута, мортадела, инчуни, туна или сардини на секое парче леб од домати. И тоа е тоа, минимален напор, максимално уживање.