Шпаргли: за поздрава исхрана и шаренолико мени

87

Бидејќи шпарглите содржат големи количини на витамини Ц, А и Е, како и фолна киселина – тоа значи дека порција од само 500 г ја покрива целата дневна потреба за овие витални витамини. А освен тоа, на сосема природен начин ќе го зајакнете имунитетот.

Аспарагусот (шпаргла) е едно од многу старите лековити растенија, кое кај нас не е многу познато, но бидејќи одлично успева, нема зошто да не почнеме да го одгледуваме повеќе и да го консумираме почесто. Без разлика дали ќе се одлучите за супа од шпаргли или рижото со шпаргли, овој пролетен зеленчук го претвора секое јадење во деликатес.

Кои вредни состојки ни ги обезбедува аспарагусот?

Ова е исклучително здрав зеленчук. Се состои од 93% вода, околу 2% протеини, околу 4% јаглени хидрати и само 0,2% масти, а има само 18 калории на 100 грама.

Сепак, шпарглата најмногу ја цениме поради количеството скапоцени витамини и минерали што ги содржат. Значи, овој пролетен зеленчук содржи многу минерали – како калиум (190 до 280 мг на 100 г), кој го намалува крвниот притисок и е важен за функционирањето на нервите.

Калциумот во шпарглите (20 до 22 мг на 100 г) е важен градежен материјал за забите и коските. Фосфорот содржан во нив (35 до 60 мг на 100 г) го подобрува транспортот, складирањето и користењето на енергијата во човечкото тело.

Релативно високата содржина на азот (250 до 350 мг на 100 г) ја стимулира работата на бубрезите и доведува до добро познатото диуретично дејство на аспарагусот.

Во нив ќе најдете многу есенцијални витамини. Витаминот А, на пример (0,03 мг на 100 г) го поддржува нашиот вид и ги инхибира слободните радикали кои се штетни за нашето здравје.

Витаминот Е (2,1 мг на 100 г) има силно влијание на нашиот нервен систем и делува против тешките метали кои формираат слободни радикали. Витаминот К (0,04 мг на 100 г) е важен за крвта и го штити организмот од габични заболувања.

Постојат различни сорти: зелен, бел или виолетов, кој е поздрав?

Постојат различни сорти на шпаргли: бели, зелени и виолетови. Сè уште не е јасно дефинирано која сорта е најздрава, но она што го знаеме е дека количината на различни минерали и витамини содржани во нив зависат првенствено од тоа дали биле изложени на светлина пред бербата.

Некои научници веруваат дека зелените се нешто поздрави од белите. Содржат повеќе витамин А, кој меѓу другото обезбедува добар вид и здрава кожа. Тие исто така содржат повеќе витамини и влакна.

Патем, белите шпаргли растат под земја и се берат веднаш кога главата ќе ја пробие површината на почвата. Зелените, од друга страна, растат над земја и созреваат само кога се изложени на сонце, што е она што им ја дава убавата боја.

Без разлика дали се зелени, бели или виолетови, шпарглите се едноставно одличен зеленчук кој треба почесто да го вклучуваме во нашето мени.

Кои се најзначајните лековити ефекти?

Лековитите ефекти на аспарагусот вклучуваат:

добро кардиоваскуларно здравје
одржување на здрава бременост,
подобрена плодност,
ослободување од предменструален (ПМС) синдром,
подобрено здравје на коските,
намалување на нивото на холестерол
делува против инфекции на уринарниот тракт,
подобрено дигестивно здравје.
помага и во лекувањето на:

рак,
дијабетес,
мамурлак,
катаракта,
ревматизам,
туберкулоза,
депресија,
невродегенеративни заболувања,
конвулзии.
За кого се најздрави?

Луѓето кои страдаат од дебелина и задржување на течности треба најмногу да ги консумираат, поради нивното изразено диуретично дејство.

Поради својството на стимулирање на излачувањето на вишокот течности од вашето тело, метаболичките крајни продукти како што се токсините и отпадните производи се повеќе се излачуваат од вашето тело и на тој начин вршите природна детоксикација.

Совршени се за слабеење! Потсетуваме дека се состојат од дури 93% вода и имаат многу малку калории. Лесниот зеленчук, кој е фантастичен за слабеење, има само 18 калории на 100 г и многу минерали и влакна, како и витамини кои се добри за варење и метаболизам.

Погодни се за оние кои страдаат од варијации на нивото на шеќер во крвта и се идеални за дијабетичари.

Редовното консумирање на аспарагус ја чисти крвта и ја поддржува функцијата на бубрезите и црниот дроб.

Не само што има навистина посебен вкус, туку и го зајакнува нашиот имунолошки систем.

Бидејќи шпарглите содржат големи количини на витамини Ц, А и Е, како и фолна киселина – тоа значи дека порција од само 500 г ја покрива целата дневна потреба за овие витални витамини. А освен тоа, на сосема природен начин ќе го зајакнете имунитетот.

Кој треба да избегнува да ги јаде?

Ќе забележите необичен мирис на урината после јадење аспарагус – веднаш знајте дека тоа е сосема нормална појава. Имено, овој необичен мирис потекнува од различни материи кои содржат сулфур.

Шпарглите содржат пурини, кои создаваат урична киселина во вашето тело која може да се акумулира. Затоа, конзумирањето на овој зеленчук не е погодно за луѓе кои страдаат од компликации поврзани со урична киселина, како што се гихт или камења во бубрезите. Се препорачува да се избегнува или да се ограничи внесувањето на храна богата со пурини, како што е аспарагусот, за пациентите со овие болести.

Како да се подготват?

Аспарагусот е еден од најздравите и се попопуларни зеленчуци во пролетната сезона. Најдобро е да се консумира свеж, со проверен квалитет. Се подготвуваат многу едноставно.

Имено, доволно е да се измијат под млаз ладна вода, со благ пилинг со помош на четка за миење зеленчук. Зелениот аспарагус се лупи само на дното на стеблото, додека белиот аспарагус се лупи такашто ќе почнете од местото веднаш под врвот на растението и ќе го отсечете дрвенестиот крај близу до дното.

Најмногу се користат динстани, печени, пржени, на скара или на пареа. Идеално е да се комбинираат со зеленчук, грав, црвено месо и живина или морска храна. Навистина одлично одат со разни намирници и можете да ги користите во приготвување на разни јадења како пити, рижото, салати, тестенини во комбинација со разни сирења и зеленчук.

Подготвени на пареа се служат со стопен путер, пармезан или холандски сос од цитруси.

Свежите шпаргли бараат кратко готвење, најчесто во тенџере. Нејзините нежни стебла во облик на копје се потопуваат во врела вода. Препорачливо е да додадете мала количина сол во водата во која ги готвите, а готвењето треба да трае околу 15-20 минути. После тоа, само исцедете ги и ставете ги на платнена салфетка за да го впие вишокот течност.

Ако сакате да ги печете, извадете ги дрвенестите делови и наредете ги шпаарглите на плех обложен со хартија за печење и прелијте ги со малку маслиново масло, зачинете со сол и црн пипер и печете ги во рерна загреана на 200 °C околу 10 минути.