Помагаат во борбата против ракот и високиот притисок, а го забавуваат и стареењето
Доколку ви е потребен дополнителен поттик за да уживате во овој вкусен и хранлив зеленчук, еве пет моќни здравствени придобивки од шпарглите за кои можеби не сте знаеле.
Шпарглите се полни со хранливи материи и се одличен извор на растителни влакна, витамин Ц и фолна киселина. Тие се исто така богати со витамин К, неопходна хранлива материја за згрутчување на крвта и здрави коски. Содржат хром, минерал во трагови кој може да ја подобри способноста на инсулинот да транспортира гликоза од крвотокот во клетките, што е добра вест ако го следите нивото на шеќер во крвта.
Шпарглите носат и други потенцијални придобивки:
Помагаат во намалување на крвниот притисок
Шпарглите содржат калиум, важна хранлива материја за одржување на здравјето и функционирањето на срцето, коските, бубрезите и нервите. Можеби ќе се изненадите кога ќе дознаете дека овој зеленчук содржи и соединение наречено аспараптин, кое може да помогне во подобрувањето на протокот на крв, намалувајќи го крвниот притисок.
Можат да помогнат во борбата против ракот
Заедно со авокадото, кељот и прокељот, шпарглите се особено богат извор на глутатион, соединение за детоксикација кое помага во разградувањето на канцерогените и другите штетни соединенија како што се слободните радикали. Затоа, нивното консумирање може да помогне во заштитата и борбата против одредени форми на рак, како што се рак на коските, дојката, дебелото црево, гркланот и белите дробови.
Го забавуваат процесот на стареење
Шпарглите се еден од најдобро рангираните зеленчуци поради нивната способност да ги неутрализираат слободните радикали кои ги оштетуваат клетките. Заедно со други потенцијални намирници против стареење, шпарглиуте како богат извор на антиоксиданти може да помогнат во забавување на процесот на стареење и намалување на воспалението.
Ги штитат мозокот и когнитивните функции
Друго својство против стареење на овој вкусен пролетен зеленчук е тоа што може да му помогне на нашиот мозок да се бори против когнитивниот пад. Како и лиснатиот зеленчук, шпарглите содржат фолна киселина, која, заедно со витаминот Б12, кој се наоѓа во рибата, живината, месото и млечните производи, го намалува ризикот од когнитивно оштетување. Ако имате 50 години и повеќе, проверете дали внесувате доволно витамин Б12 бидејќи вашата способност за негова апсорпција се намалува со возраста.
Природен диуретик
Шпарглите содржат високи нивоа на аминокиселината аспарагин, која служи како природен диуретик, го зголемува мокрењето и му помага на телото да се ослободи од вишокот сол. Ова е особено корисно за луѓе кои страдаат од едем (акумулација на течности во ткивата на телото) и за оние со висок крвен притисок или други срцеви заболувања.
Едни од ретките кај нас, кои одгледуваат шпаргли се Александар Алексовски, алијас Алекс МекАвоис и нашата Ивана Тасев. Повеќе за нив прочитајте ТУКА.