Благодарение на богатиот вкус и хранливите својства, хумусот стана омилен додаток на јадењата ширум светот. И не мора да го јадете само со крекери или да го мачкате на леб…Има уште многу други комбинации
Хумусот, кремастиот деликатес на Блискиот Исток, е многу повеќе од обичен сос. Благодарение на неговиот богат вкус и хранливи својства, стана омилен додаток на јадењата ширум светот. Традиционалниот рецепт вклучува наут, таан, сок од лимон, лук и маслиново масло, што го прави совршена комбинација од здрави масти, протеини и влакна. Ако се прашувате што да јадете во комбинација со хумус, ви пренесуваме 10 генијални комбинации.
Послужете хумус со хранливи крекери
Наместо класичен чипс, изберете здрави крекери направени од семки или цели зрна. Совршено го надополнуваат хумусот и го прават уште подобар избор за закуска.
Збогатете ги оброците со житарки
Додадете една лажица хумус како „јаготка на шлаг“ во порциите со киноа, ориз или просо. Покрај вкусот, ќе обезбедите и дополнителна доза на протеини и влакна.
Намачкајте хумус на сендвичи и на тортилји
Заменете ги класичните намази како мајонезот, со хумус. Неговата кремаста текстура и благиот вкус совршено се комбинираат со зеленчукот во сендвичи или тортилји.
Направете сос за тестенини
Измешајте хумус со маслиново масло или сок од лимон за лесен и здрав прелив за тестенини. Додадете го во топли или ладни јадења за богата и кремаста текстура.
Наполнете ги шери доматите со хумус
Исечете ги на половина, наполнете ги со хумус и додадете малку зачини. Ова е брза и вкусна закуска или предјадење.
Вклучете го во салати
Лажица хумус во салата може да послужи како здрав прелив или додаток кој ќе го направи секој залак повкусен и похранлив.
Направете хумус брауни
Пробајте хумус брауни со какао и засладувач. Послужете го со овошје или користете го како додаток на сладолед за поздрав десерт.
Користете хумус како маринада
Премачкајте го пилешкото, тофуто или зеленчукот со слој хумус и печете. Резултат? Крцкава, златна кора и богат вкус.
Заменете ги млечните производи со хумус
Во колачи, мафини или кремасти јадења, хумусот може да ги замени кремот, млекото или сирењето, а во исто време да им даде уникатна текстура.
Згуснете ги супите со хумус
Додадете хумус во крем супите за да добиете густина без млечни производи.
Се надеваме дека овие идеи ви олеснија да одлучите што да јадете со хумусот и како да го вклучите во секојдневните оброци. Без разлика дали го користите како намаз, сос или клучна состојка во оброкот, хумусот е сестран, вкусен и здрав избор кој ќе ја збогати вашата исхрана!