Што е еритритол? Сигурно сте слушнале за овој засладувач без калории, но треба да внимавате на несаканите ефекти

Фото: Freepik
886

Со нула калории и навидум помалку штетен од аспартамот, еритритолот стана популарен како засладувач. Во природата се наоѓа во овошјето и во ферментираната храна, но во повеќето случаи се произведува од ГМО пченкарен скроб.

Можеби сте слушнале за овој популарен засладувач без калории, но дали знаете што е тој всушност?

Со нула калории и навидум помалку штетен од аспартамот, еритритолот стана популарен како засладувач. Во природата се наоѓа во овошјето и во ферментираната храна, но во повеќето случаи се произведува од ГМО пченкарен скроб. Дури и во мали количини, еритритолот може да предизвика лоши симптоми, како што се болки во стомакот, главоболки и дијареа. Можеби е примамливо да го користите како начин за да уживате во некои од вашите омилени пијалаци и храна без чувство на вина, но има еден проблем!

Причината поради која не консумирате калории или шеќер од него е затоа што вашето тело не може да го метаболизира еритритолот. Така е, и покрај тоа што минува низ вашето тело, еритритолот не се метаболизира:

1. ГМО потекло

Ако се прашувате „Што е еритритол?“, треба да знаете дека иако можеби е од природно потекло, голем дел од него е генетски модифициран! Голем дел од еритритолот што го наоѓате во храната и пијалаците денес доаѓа од пченкарен скроб кој доаѓа од ГМО генетски модифицирана пченка.

Во студиите на животни, истражувачите го поврзале консумирањето на ГМО производи со неплодност, имунолошки проблеми, забрзано стареење, неправилна регулација на инсулинот и промени во главните органи, како и во гастроинтестиналниот систем.

2. Еритритолот најчесто се користи во комбинација со вештачки засладувачи како „носител“.

Бидејќи еритритолот не е толку сладок како шеќерот, тој обично се комбинира со други сомнителни „засладувачи“. На пример, често се комбинира со аспартам, што може да доведе до фатални резултати. Аспаратамот предизвикува такви несакани ефекти како анксиозност, депресија, краткорочно губење на меморијата, фибромијалгија, зголемување на телесната тежина, замор, тумор на мозокот и многу други лоши работи.

3. Гастроинтестинални проблеми и главоболка, несакани ефекти од еритритолот

Кога се користи еритритол во поголеми количини, тој црпи вода од цревата, што доведува до дијареа. Поверојатно е да се случи ако се консумира со фруктоза, а овие посебни несакани ефекти се особено чести кај децата. Додека дијареата изгледа безопасна, таа може да доведе до дехидрација и неухранетост. Главоболките се исто така чест несакан ефект, иако се помалку проучен.

4. Еритритолот може да доведе до прејадување

Ако се обидувате да изгубите тежина, треба да се запрашате „што е всушност еритритол“!

Тоа е затоа што можете да ја додадете тежината на листата на несакани ефекти на еритритолот. Вашето тело не може да го процесира еритритолот и како таков не знае што да прави со него. Кога консумирате природни засладувачи, вашето тело го метаболизира шеќерот и ослободува хормони за да го намали апетитот. Но, со супстанции како еритритол, тој хормон не се ослободува, поради што не се чувствувате сити. Ова може да доведе до прејадување, што најчесто доведува до зголемување на телесната тежина.

5. Силно негативно влијание на SIBO (прекумерно размножување на бактерии во тенкото црево) и IBS (Синдром на иритабилно дебело црево – нервозни црева).

СИБО (прекумерно размножување на бактерии во тенкото црево) е дигестивно нарушување и е почесто отколку што мислат повеќето луѓе.

Оние кои се свесни за овие нарушувања знаат дека тоа што го јадат и консумираат може да ги излечи или да ги зголеми негативните симптоми и компликации. Бидејќи несаканите ефекти на еритритолот вклучуваат проблеми со дигестивниот тракт, оние кои страдаат од горенаведените синдроми треба да избегнуваат негова конзумација.

6. Алергиски реакции

Несаканите ефекти на еритритолот вклучуваат алергиски реакции. Една студија од 2000 година забележа дека пијалоците кои содржат еритритол потенцијално може да предизвикаат сериозна алергиска реакција на кожата. Всушност, една 24-годишна жена добила повеќе осип по целото тело откако конзумирала една чаша пијалак кој бил засладен со еритритол.

Бидејќи надворешните ефекти на еритритолот го вклучуваат овој тип на реакција, обрнете внимание ако вашето тело се однесува слично по консумирањето на овој засладувач.

7. Еритритолот е одличен инсектицид

Има уште една ставка на листата на несакани ефекти на еритритолот што треба да се разгледа.

Имено, се поставува прашањето, какво е чувството да се консумира нешто што е одлично и за убивање инсекти? Студија од 2014 година покажа дека еритритолот е токсичен за мувите. Нив ги привлекува слаткиот вкус кој исто така ги убива.

Потенцијални придобивки од употребата на еритритол

Со сите негативни фактори, има некои позитивни ефекти од конзумирањето на еритритол. На пример, иако студиите имаат мешани резултати, тој може да помогне во борбата против расипувањето на забите кај децата. Исто така, нема да предизвика зголемување на шеќерот во крвта.

Кои се другите поздрави и поприродни засладувачи, доколку сакате некоја замена за шеќер?

Сега, кога знаеме дека еритролот е засладувач кој постои во природата, но најчесто е генетски модифициран и има многу несакани ефекти, се прашувате што можете да користите како здрава замена за засладување на вашите омилени пијалаци и храна?

Постојат две опции.

Стевиа

Прво внимавајте на тоа стевиата што ја купувате да не го содржи и нездравиот „носител“ еритритол. Имено, за користење е здрав само вистинскиот екстракт од лист од стевиа.

Народот Гуарани од Бразил и Парагвај го користеле растението стевиа повеќе од 1.500 години. Покрај тоа, стевиата има докажани здравствени придобивки и позитивни ефекти како што се намалување на ЛДЛ холестеролот, крвниот притисок и одредени форми на рак.

Природен мед

За да се избегнат несаканите ефекти на еритритолот, уште една добра опција за засладување е вистинскиот природен мед. Исто така, медот освен за зајакнување на имунитетот помага и при алергии, дијабетес (помали количини), проблеми со спиењето, кашлица и зараснување на рани. За најдобри резултати, најдете локален пчелар или пријател кој произведува вистински природен мед.