Долгиот и здрав живот е прашање на ваш избор, тврди д-р Елизабет Блекбурн, добитничка на Нобеловата награда за медицина. Според неа, доколку ги почитувате основните правила, односно, доколку престанете да пушите,
не се прејадувате, спортувате најмалку половина час на ден и здраво се храните, веќе сте го намалиле ризикот од развој на дијабетес за 90 отсто, а ризикот од срцев удар за 80 отсто.
За почеток, експертите велат дека генетските фактори се виновни за прераната смрт во околу 10 проценти од случаите. Но, што е со останатите 90 проценти?
„Тоа е вашата исхрана и начин на живот! Типичната исхрана на модерниот човек е всушност главниот виновник за прераната смрт и хроничните болести. Со други зборови, долгиот и здрав живот е прашање на ваш избор“, вели д-р Елизабет Блекбурн.
Што избираме секој ден?
Да размислиме, за многумина од нас одговорот нема да биде најповолен.
Дали сте пушач? Дали вежбате редовно? Дали престанувате да јадете кога веќе не сте гладни или јадете додека не изедете сѐ?
Ова се само дел од прашањата кои ги поставува д-р Блекбурн и вели дека следните правила се клучот за долг и здрав живот:
Престанете да пушите
Не се прејадувајте
Спортувајте најмалку половина час на ден (брзо одење исто така се брои)
Јадете здраво
Доколку веќе ги следите овие правила, д-р Блекбурн смета дека сте го намалиле ризикот од развој на дијабетес за 90 отсто, а ризикот од срцев удар за 80 отсто.
Исто така, овој начин на живот го намалува ризикот од мозочен удар за 50 отсто, а ризикот од развој на рак за 33 отсто.
Откритие достојно за Нобеловата награда
„Во секоја клетка има 46 хромозоми. На врвот на секоја има мало „капче“, наречено теломер. Секој пат кога клетката се дели, мал дел од тоа капче исчезнува.
Кога теломерите целосно исчезнуваат, клетката умира“, објаснила д-р Блекбурн.
Имено, во текот на 5-годишното истражување, нејзиниот тим открил дека три месеци растителна исхрана, заедно со физичка активност, може значително да ги зајакне теломерите.
Исто така, истражувањата покажале дека теломерите на оние кои не го промениле начинот на живот драстично и сосема очекувано се трошат со возраста.
Од кои болести најчесто умираат луѓето во современиот свет?
Ова се главните причини за смрт:
Срцеви заболувања
Алцхајмерова болест
Мозочен удар
Рак на белите дробови
Истражувањата покажале дека менувањето на начинот на исхрана на оној препорачан од д-р Блекбурн драстично го намалува ризикот од гореспоменатите болести, како и дека дури и мала промена во исхраната, како што се намалување на внесот на месо и зголемување на внесот на зеленчук , носи значајни резултати.
Најлоша храна за вашите теломери се: месото од секаков вид (најчесто црвено и преработено), шеќер, газирани пијалаци и алкохол.
За потребите на студијата, чии резултати биле објавени во списанието Clinical Nutrition, стаорците биле хранети со говедско или пилешко четири недели.
Групата стаорци кои биле хранети со црвено месо имале скратени теломери во клетките на дебелото црево.
Слични резултати имале и стаорците кои биле хранети со пилешко, но нивните теломери биле скратени во помала мера.
Добрата вест е дека внесот на храна која содржи скроб го намалува негативниот ефект од внесот на црвено месо. Значи, збогатете ја вашата исхрана, на пример, со банани и леќа.
Друго големо НЕ за теломерите е преработеното месо, на пример виршлите или „чајните колбаси“.
Студија од 2008 година испитувала на 840 луѓе како различни видови храна влијаат на должината на теломерите.
Научниците откриле дека луѓето кои консумираат само една порција преработено месо неделно имале пократки теломери.
Теломерите не сакаат газирани пијалаци.
Една неодамнешна студија која проучувала 5.309 луѓе и чии резултати се објавени во стручното списание American Journal of Public Health откриле дека консумирањето половина литар газиран пијалак дневно го скратува животот за 4,6 години.
За споредба, пушењето исто така го скратува животот за точно ист број на години и месеци.
Ако пиете 2 децилитри газиран сок дневно и теломерите ќе ви бидат помалку оштетени: тогаш ќе го скратите животот за „само“ 1,9 години.
Препорака на д-р Блекбурн за исхрана
Што треба да јадеме секој ден ако сакаме долг живот без болести?
Зелка, брокула, карфиол, прокељ, ротквици, репа, кељ
Зелен лиснат зеленчук, спанаќ, кисела зелка, блитва
Сезонски и друг зеленчук (шпароги, цвекло, слатки пиперки, моркови, пченка, тиквички, лук, печурки, црвен кромид, тиква, грашок, компири, домати)
Мешунките и нивните производи (грав, соја, наут, леќа, тофу, хумус)
Бобинки (грозје, боровинки, цреши, малини, капини, јагоди)
Овошје (јаболка, кајсии, авокадо, банани, дињи, мандарини, смокви, грејпфрут, киви, лимон, лимета, манго, нектарини, портокали, праски, круши, ананас, сливи, калинки)
Семиња (особено ленено семе, по една лажица секој ден, чиа, сусам, сончоглед, коноп)
Зачини (куркума, додадете четвртина лажичка секој ден на другите зачини што ги користите)
Храна со житарки од цело зрно
Вода (минимум 5 големи чаши дневно)
Заедно со оваа диета воведете барем половина час било каква физичка активност секој ден и брзо ќе видите неверојатни резултати.
Психолошкиот стрес исто така ги скратува теломерите, но редовното вежбање и медитацијата можат да помогнат во нивното обновување.