Сируп од банана и мед за природно чистење на белите дробови

Фото: Pexels
153

Ќе се ослободите од болното и воспалено грло, кашлицата, па дури и од стомачните проблеми со домашен сируп од банана и мед, кој природно ги чисти белите дробови.


Ако страдате од хронична кашлица и бронхитис, пробајте ја оваа смеса. Благодарение на моќните својства на медот и бананата, ќе се ослободите од болно и воспалено грло, кашлица, па дури и од стомачни проблеми.

Состојки:

400 мл врела вода
2 средни банани со црни дамки
2 лажички мед

Подготовка:

Најпрво излупете ги бананите и изгмечете ги со вилушка. Би било добра идеја да го направите ова со дрвен прибор за јадење.

Потоа ставете ги бананите во тенџере и додадете зовриена вода. Оставете да кисне околу половина час.

Кога смесата ќе се олади, додадете мед. Важно е да го додадете на крајот, бидејќи ако го измешате со врела вода, ќе ги изгуби лековитите својства.

Примена:

Пијте 100 мл од овој напиток четири пати на ден. Количината на состојки во рецептот е доволна за еден ден, а наутро направете нова серија. Првите резултати ќе ги видите за пет дена.