Слатко-солен сладолед: Најбизарните вкусови и комбинации на социјалните мрежи

Фото: Приватна архива/Инстаграм/Пол Моринг
40

Ова лето на социјалните мрежи се појавија едно чудо комбинации на вкусови на сладолед кои се сè освен класични. Најголем хит се меките сладоледи од ванила со додадени солени состојки како помфрит, пармезан, сол

Кога станува збор за необични комбинации на десерти, се чинеше дека ништо повеќе не може да нè изненади. Сепак, ова лето, социјалните мрежи повторно нè разубедија со нови вирални објави и рецепти. Едно чудо комбинации на вкусови на сладолед кои се сè освен класични.
Ова лето, се чини, најголем хит се меките сладоледи од ванила со додадени солени состојки!

Хит на летото: Бизарни сладоледи

Ако мислевте дека сте слушнале за сите необични комбинации на состојки кои совршено се вклопуваат, еден ресторан во Њујорк има интересни вести! Ресторанот Duddley’s, сместен на Лоуер Ист Сајд, ги освојува гостите со уникатен и малку луд десерт – сладолед сервиран со крцкав помфрит и свежо рендани тартуфи.

Изгледа дека ова беше само почеток на нов тренд, сладолед што комбинира слатко и солено, но во сосема неочекувани вкусови.

Класик за храбрите: Ванила, маслиново масло и солени снегулки
Една од најпознатите „гранични“ комбинации веќе некое време е онаа со основа од ванила, маслиново масло и големи солени снегулки. Елегантен, едноставен и комплексен во исто време, ги освои љубителите на контрасти. Толку е популарен што може да се најде во пофините сладоледџилници и ресторани.

Добитна комбинација – ванила, сол, масло и пармезан
Комбинацијата што особено ни го привлече вниманието вклучува ванила, екстра девствено маслиново масло, груба морска сол и свежо рендан пармезан. Сладоледот со тврдо, зрело сирење можеби звучи како кулинарски експеримент, но реакциите се, колку што гледаме, се изненадувачки позитивни.

Крцкав, сладок, солен
Се појави уште една, похрабра варијација на сладолед од ванила со додавање на масло и сол.

Класична ванила прелиена со тенки, пржени компирчиња, а целиот десерт е прелиен со прелив со вкус на сладок компир. Сладок, солен, крцкав, интересен и сосема необичен!

Се чини дека сладоледот повеќе не е резервиран само за слатки моменти!