Сливите го поттикнуваат варењето, помагаат за слабеење и подмладуваат

Фото: Pixabay
164

Консумирањето свежи плодови е одлична превенција од малигни тумори, а освен тоа, го подмладува и регенерира организмот и ја спречува појавата на брчки. Имаме и лесен рецепт за вкусен колач

Сливите се богати со витамини и пектин, кој го поттикнува варењето, ги собира токсичните материи од телото и ги исфрла преку столицата. Помагаат во борбата против високиот холестерол и болестите на бубрезите, заболувањето на црниот дроб и ревматизмот. Консумирањето свежи плодови е одлична превенција од малигни тумори, а освен тоа, го подмладува и регенерира организмот и ја спречува појавата на брчки.

Исто така, сливите се ефикасна помош за слабеење бидејќи нивните материи ги врзуваат мастите од храната кои се внесуваат во организмот и потоа се исфрлаат „надвор“. Богати се и со калиум, минерал кој е неопходен за одржување на киселинско-базната рамнотежа и чиј недостаток во организмот доведува до замор. Сезоната на сливи во Европа е во текот на август и есенските месеци – што е карактеристично и за нашето поднебје.

Суви сливи

Сувите сливи имаат многу повеќе минерали, витамини и фитохемикалии од свежите, а особено се богати со антиоксиданти. Со редовно консумирање ја намалуваат можноста за срцев удар. Сувите сливи се наједноставниот и најефикасен лек против запек. Сувите сливи ги задржуваат сите вредни витамини и минерали за време на процесот на сушење и претставуваат вреден извор на енергија во „мало пакување“. Тие содржат растворливи и нерастворливи диететски влакна и сорбитол.

Нерастворливите влакна не се варат во организмот, но го забрзуваат варењето со врзување на водата и создавање на поголем волумен на столицата. Растворливите влакна целосно се разградуваат, а придонесуваат за нормално варење преку стимулирање на растот на посакуваните бактерии во цревата и со тоа зголемување на волуменот на столицата, а колку е поголема столицата, толку побрзо поминува нејзиното поминување низ цревата. Сорбитолот делува како осмотски лаксатив и заедно со влакната придонесува за нормална функција на варењето. За да се постигне благотворно дејство потребно е дневно да се консумираат 100 гр суви сливи.

Можете да направите и вкусен колач со сливи.

Состојки:

115 гр путер

125 мл кокосово масло

150 гр кафеав шеќер

3 јајца

3 лажици мак

1 лажица арома на ванила

250 мл павлака

200 гр обично брашно

190 гр интегрално брашно

2 лажици прашак за пециво

прстофат сол

половина лажичка цимет

15-20 сливи

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 175 степени.

Премачкајте со путер тркалезен плех. Измешајте го омекнатиот путер со шеќер, мак и кокосово масло додека не станат пенести. Додадете ги едно по едно јајцето, ванилата и павлаката и измешајте. Посебно измешајте ги двата вида брашно, додадете прашок за пециво, сол и цимет. Малку по малку додавајте го брашното во смесата со путер. Потоа смесата се става во плех и се редат сливите. Печете околу 40 минути. Колачот треба целосно да се излади за полесно да се сече.