Сливите го стимулираат варењето, помагаат при слабеење и подмладуваат

Фото: Pexels
62

Помагаат во борбата против високиот холестерол и болестите на бубрезите, заболувањето на црниот дроб и ревматизмот. Има уште многу придобивки, а има и сливи …

Сливите се богати со витамини и пектин, кој го поттикнува варењето, ги собира токсичните материи од телото и ги исфрла преку столицата.

Помагаат во борбата против високиот холестерол и болестите на бубрезите, заболувањето на црниот дроб и ревматизмот.

Консумирањето на свежите плодови е одлична превенција од малигни тумори, а освен тоа го подмладува и регенерира организмот и ја спречува појавата на брчки.

Исто така, сливите се ефикасно помагало за слабеење бидејќи нивните состојки ги врзуваат мастите од храната кои се внесуваат во организмот и потоа се исфрлаат „надвор“.

Богати се и со калиум, минерал кој е неопходен за одржување на киселинско-базната рамнотежа и чиј недостаток во организмот доведува до замор.

Сезоната на сливи кај нас е од август до есенските месеци.

Суви сливи
Сувите сливи имаат многу повеќе минерали, витамини и фитохемикалии од свежите, а особено се богати со антиоксиданти.

Со редовно консумирање ја намалуваат можноста за срцев удар.

Сувите сливи се наједноставниот и најефикасен лек против запек.

Тие ги задржуваат сите вредни витамини и минерали за време на процесот на сушење и претставуваат вреден извор на енергија во „мало пакување“.

Содржат растворливи и нерастворливи диететски влакна и сорбитол.

Нерастворливите влакна не се варат во телото, но тие го забрзуваат варењето со врзување на водата и создавање на поголем волумен на столицата.

Растворливите влакна целосно се разградуваат, а придонесуваат за нормално варење преку стимулирање на растот на посакуваните бактерии во цревата и со тоа зголемување на волуменот на столицата, а колку е поголема столицата, се забрзува нејзиното поминување низ цревата.

Сорбитолот делува како осмотски лаксатив и заедно со влакната придонесува за нормална функција на варењето.

За да се постигне благотворно дејство потребно е дневно да се консумираат 100 гр суви сливи.

Можете да направите и вкусен колач со сливи.

Колач од сливи, афион и кокосово масло
Состојки:

115 гр путер
125 мл кокосово масло
200 гр кафеав шеќер
3 јајца, 3 лажици афион
1 лажица арома на ванила
250 мл кисела павлака
200 гр бело брашно
190 гр интегрално брашно
1 прашок за пециво
прстофат сол
половина лажичка цимет
15-20 сливи

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 175 степени.

Премачкајте го плехот со путер.

Измешајте го омекнатиот путер со шеќерот, семето од афион и кокосовото масло додека не стане смесата пенеста.

Додадете едно по едно јајце, ванилата и павлаката и измешајте.

Посебно измешајте ги двата вида брашно, додадете прашок за пециво, сол и цимет.

Во смесата со путер малку по малку измешајте го брашното.

Потоа се става во плех и се покрива со сливи.

Печете околу 40 минути.

Колачот треба целосно да се излади за полесно да се сече.