Најдовме рецепт кој го препорачува клиничка нутриционистка како одлично средство за зајакнување на имунитетот.
Ова смути од јаболко, ѓумбир, чиа семе, лимета и нане е одлично за зајакнување на имунитетот.
Состојки:
Јаболка
2 лажички чиа семе (потопете ги во сокот од јаболко и оставете да отстојат 10 минути)
свеж ѓумбир
мед
сок од 1 лимета
листови од нане
Подготовка:
Најпрво во блендер ставете ги свежо излупените и исечени јаболка, ѓумбирот и лиметата.
Додадете го чиа семето на самиот крај и не блендирајте предолго за да не ја уништите нивната структура.
Чиа семето е богато со омега-3 масни киселини, обезбедува подолго чувство на ситост и помага во регулирањето на гликозата во крвта.
Додадете мед по желба.