Сок од лубеница и лимон? Освежителен напиток, идеален за летните горештини (ВИДЕО)

Фото: Pexels
267

Овој сочен напиток му обезбедува на вашето тело различни витамини и минерали. Лубеницата е извор на витамините А, Б6 и Ц, калиум и ликопен, додека лимонот е богат со витамин Ц и фолати.

Летото е во полн ек, а за да се соочат со горештините и да обезбедат хидратација, многумина бараат освежување во здравите пијалаци.

Еден не толку нов тренд повторно го зафати светот на здравата исхрана и освежителните пијалаци – комбинација од лубеница и сок од лимон.

Овој природен пијалак, кој едноставно се подготвува со мешање на свежа лубеница без семки и свежо исцеден сок од лимон во блендер, носи не само неверојатно освежување, туку и бројни здравствени придобивки.

Одлични нутритивни придобивки
Лубеницата и лимонот, комбинација од две вкусни и сочни состојки, носат одлични нутритивни придобивки. Еве неколку причини зошто овој пијалак може да стане вашиот нов омилен сојузник на здравјето:

Хидратација

Лубеницата е позната по високата содржина на вода, што ја прави одличен извор на хидратација во топлите летни месеци.

Додавањето на сок од лимон, кој исто така е богат со вода, го подобрува хидратантниот ефект на овој пијалок, помагајќи да се одржи рамнотежата на телесните течности.

Изобилство на антиоксиданти

Двете состојки – лубеницата и лимонот – се богати со антиоксиданти како што е витаминот Ц, кој помага во борбата против слободните радикали во телото.
Антиоксидантите играат важна улога во одржувањето на здравјето на клетките и во намалувањето на ризикот од хронични болести.
Овој сочен напиток му обезбедува на вашето тело различни витамини и минерали. Лубеницата е извор на витамините А, Б6 и Ц, калиум и ликопен, додека лимонот е богат со витамин Ц и фолати.

Овие основни хранливи материи придонесуваат за зајакнување на имунитетот, одржување на здравјето на срцето и подобрување на целокупната функција на телото.

Поддршка за варењето

Лубеницата содржи влакна кои го поддржуваат здравјето на дигестивниот систем. Кога се комбинира со сок од лимон, кој исто така го поттикнува варењето и производството на желудочна киселина, пијалакот може да помогне во олеснување на варењето и да го поттикне редовното празнење на дебелото црево.

Ја зајакнува кожата

Витаминот Ц од лубеницата и лимонот силно делува на кожата. Антиоксидантите го стимулираат производството на колаген, што ја прави кожата поцврста и поеластична.

Овој пијалак може да помогне во борбата против слободните радикали и оксидативниот стрес, кои често се причинители за предвремено стареење на кожата.

Лесно се прави
Комбинираниот сок од лубеница и лимон обезбедува не само вкусно освежување, туку и цела низа здравствени придобивки. Неговите хидратантни и хранливи својства го прават идеален избор за топлите летни денови. Уживајте во овој вкусен пијалак.

Состојки:

4 шолји свежо исечена лубеница (без семки)

сок од 2 лимони

мраз (по желба)

Приготвување:

Лубеницата исчистете ја од семките и исечете ја на помали парчиња.

Исцедете го сокот од два лимона.

Во блендер ставете ги лубеницата и сокот од лимон и матете додека не добиете хомогена смеса.

Примена:

Ако сакате разладен пијалак, додадете неколку коцки мраз пред да измешате во блендерот.

Сервирајте во чаша, украсете со парче лимон или лист нане по желба и уживајте во вашиот освежителен напиток.