Сок од тиква и мандарини

Фото: Pexels
93

Ова е вистинска есенска комбинација која можеби не му изгледа секому толку привлечно, но оние што ги сакаат и едните и другите плодови, можат да уживаат.

Освен солени јадења и десерти, тиквата можете да ја претворите и во сок, а ако тоа не ви звучи баш многу привлечно, можете да ја споите со едно од најароматичните овошја – мандарините.

Еве еден предлог за домашен сок кој е одлична здрава алтернатива за купечките сокови.

Комбинирајте го вкусот на тиквата со освежителната и ароматична мандарина, додадете шеќер по желба или, ако се состојките слатки, можете и сосема да го исклучите и евентуално, пред консумирање да му додадете мед.

Ако сакате сокот да биде навистина посебен, можете да му додадете и зачини како цимет или ванила.

Состојки:

1 кг тиква
1 кг мандарини
200 г шеќер
Сок од лимон
5 л вода

Приготвување:

1. Тиквата излупете ја, исечете ја на коцки и сварете ја со шеќерот во литар вода.
2. Кога ќе се олади, испасирајте ја.
3. Мандарините излупете ги и измешајте ги во блендер.
4. Се заедно помешајте, додадете ги преостанатите 4 литри вода, пробајте и доколку сакате додадете малку сок од лимон.
5. Сокот чувајте го во фрижидер