Ова е одличен брз и едноставен ручек – вкусно класично медитеранско јадење кое сите го сакаат: пробајте го рецептот за вкусно рижото со ракчиња
Разновидната и здрава исхрана не мора нужно да вклучува часови стоење покрај шпоретот. Многу јадења се многу лесни за подготовка, без разлика дали станува збор за нешто течно или за вкусно рижото или брза тестенина со вкусен сос.
Рижотото е јадење на кое често му се враќаме кога не ни се поминува многу време во подготвување ручек и сакаме да ги потрошиме состојките што ги имаме во фрижидерот.
Рижотото со ракчиња е едно од оние јадења што оставаат впечаток дека се празнични и бараат многу труд, но всушност можете да го направите за кратко време со нашиот едноставен рецепт.
Рижото со ракчиња е класично јадење на медитеранската кујна. Едноставно е, ароматично и брзо се прави, а го има и тој посебен шмек.
Вкусот ќе биде уште подобар ако имате и рибја супа која ќе ја искористите за варење на ориузот, наместо обична вода.
Јадењето ќе биде добро и ако го правите рижотото со вода.
За да го направите рижотото вкусно и кремасто, користете ориз со тркалезни зрна, кој апсорбира многу влага и лесно ослободува скроб. Значи, сосема е добар и кочанскиот ориз.
Што се однесува до ракчињата, можете да користите замрзнати, кои не треба да се одмрзнуваат пред готвењето.
Рецепт кој секогаш успева:
Состојки:
400 г исчистени ракчиња
300 г ориз
1 поголем или два помали главици кромид
3 чешниња лук
1 дл бело вино
0,5 л вода или супа
маслиново масло
сол и бибер
40 г путер
40 г рендан пармезан
свеж магдонос за поросување (по желба)
Приготвување:
Загрејте ја супата или водата и одржувајте ја топла во текот на целата подготовка и додавање во рижотото.
Кратко испржете ги ракчињата во тава, околу три минути од секоја страна. Ако се замрзнати, не треба претходно да се одмрзнуваат.
Исчистете го кромидот и исечкајте го на мали коцки. Исчистете го лукот и исечкајте го што е можно поситно.
Загрејте го маслиновото масло во тенџере и додадете го кромидот. По неколку минути, додадете го лукот и пржете сè заедно уште неколку минути.
Кога зеленчукот ќе омекне, додадете го оризот и мешајте додека не се обложи со масло.
Додадете го виното и мешајте додека алкохолот не испари и оризот не ја впие течноста.
Сега почнете да додавате супа (или вода) и редовно мешајте.
Додадете сол и бибер.
На секои пет минути, кога оризот ќе ја впие течноста, додадете нова количина. Правете го ова најмалку 15 минути, можеби и речиси 20, во зависност од видот на оризот.
Сега додадете ги претходно пржените ракчиња во смесата и измешајте ги со оризот. Оставете неколку поубави парчиња настрана за декорација на чинијата.
По околу пет минути, исклучете го огнот и додадете го путерот и ренданиот пармезан во рижотото.
Сервирајте топло, додавајќи неколку ракчиња во секоја чинија и поросувајќи со сечкан свеж магдонос.