Старите добри сусамки
Еден од вкусовите кој сигурно многумина од вас ги потсетува на детството е сигурно и оној на старите добри сусамки
Кога ќе ја најдете старата тетратка со рецепти од мајка ви, дури и без детални упатства за постапките, потрудете се да направите нешто од неа.
Еден од вкусовите кој сигурно многумина од вас ќе ги потсети на детството е сигурно и оној на старите добри сусамки.
Еве го рецептот:
Состојки:
200 г путер
9 рамни лажици шеќер
2 жолчки
200 г путер
1 шолјичка млеко
1/2 прашок за пециво
500 г брашно
За премачкување:
2 белки
100 грама сусам
Приготвување:
Изматете го путерот омекнат на собна температура заедно со шеќерот.
Потоа додадете ги жолчките, млекото и брашното измешано со прашок за пециво.
Замесете тесто и земајте од него со мала лажичка па направете топчиња. Засукајте ги меѓу дланките и свиткајте ги како потковици.
Ставајте ги прво во изматените белки, а потоа валкајте ги во сусам.
Наредете ги сусамките во тепсија и печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.