Стевијата се користи како замена за шеќер, а ја намалува и потребата за цигари

Фото: Freepik
120

Стевијата е растение кое не содржи калории, а е 300 пати послатка од шеќерот. Во последно време стана многу популарна меѓу поборниците за здрава исхрана.
Дали е здрава или не?

Стевијата доби на популарност во последните неколку години, како една од алтернативите за белиот шеќер.

Доволно е сосема малку од правот добиен од стевија, за да постигнеме благ вкус еквивалентен на две мали лажички шеќер.

Имено, стевијата е 300 пати послатка од обичниот шеќер.

Потекнува од Парагвај и освен својството да засладува има и позитивни влијанија врз здравјето.

На пример, стевијата ги блокира сигналите кои сигнализираат потреба за цигара или за алкохол.

Освен тоа, се препорачува и во диетални режими на исхрана, особено кај дијабетичарите.

Стевија може да се најде на пазарот во течна форма или како екстракт/прав, и стана една од главните теми меѓу онлајн фитнес заедниците.

Се смета за најздрав засладувач и како природна замена за шеќерот, кој за разлика од вештачките замени многу благотворно делува на здравјето, пишува Daily Mail.

Сепак, многумина се прашуваат дали ова растение кое е 300 пати послатко од шеќерот е навистина здраво.

Нутриционистот Ријанон Ламберт, автор на книгата Re-Nourish: A Simple Way to Eat Well, вели дека стевијата е здрава алтернатива на шеќерот, иако може да ја поттикне желбата за дополнителен внес на шеќер.

Стевијата не содржи калории, токму поради тоа што се добива од листовите на лековитото зелено растение (Stevia rebaudiana) кои имаат сладок вкус заради гликозидот стевиозид.

Некои студии покажале дека земањето стевиозид може да го намали крвниот притисок, а има докази дека влијае и на инсулинот или дека може да го намали нивото на гликоза во крвта, а со тоа да биде од голема корист за луѓето со дијабетес тип 2.

„Многумина сугерираат дека стевијата сè уште испраќа сигнали до мозокот кои можат да ве поттикнат да внесувате повеќе шеќер, како што тоа го прави сахарозата.

Дури и во тој случај, студиите не покажале дека ја зголемува потребата за храна, дека влијае на гладот ​​или ситоста“, заклучува Ријанон Ламберт.