Супа е супа, но оваа супа со ореви е посебна!

Фото: Pexels
75

Супата од ореви ги има сите состојки на вистински оброк, а дизајнирана е според правилата на диетата Саут Бич.

Според правилата на познатата диета Саут Бич во ресторанот Пикасо во Лас Вегас, создаден е рецепт за необична супа од ореви, која освен што е неверојатно вкусна, е и одлично хранливо избалансирана.

Супа од ореви
Состојки за четири лица:

1 голем корен од анасон, исечен на четвртини
2 лажици екстра девствено маслиново масло
морска сол
свежо мелен црн пипер
1 праз, само белиот дел, исечкан
90 гр само цветови од карфиол
2 чаши пилешка супа (или вода)
1/2 чаша јогурт со малку маснотии
2 лажици суво шери или прошек
60 гр крупно сечкани потпечени ореви
30 гр здробено сирење Рокфор или друго сирење со мувла

ситно изрендана кора од лимон
1 лажица сечкан свеж власец

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени.
Во поголем сад за печење ставете го анасонот со една лажица масло и посолете и побиберете по вкус. Печете 15 минути или додека анасонот не добие златно жолта боја. Кога ќе се излади доволно за да можете да ракувате со него, исечете ги на ленти долги 3 см.
Во меѓувреме, загрејте ја преостанатата лажица масло во тенџере со средна големина на средна топлина. Додадете го празот и измешајте. Покријте и динстајте 5 минути или додека празот не стане проѕирен.

Додадете карфиол и пилешки супа и оставете да зоврие. Намалете ја топлината на минимум и варете 20 минути или додека карфиолот не омекне.

Префрлете ја смесата во блендер. Додадете го анасонот. Мешајте додека не добиете мазна смеса и вратете ја во садот. Д

одадете јогурт и шери. Вратете на тивок оган и измешајте ги оревите.
Во помал сад измешајте ги сирењето и кората од лимон. Послужете ја супата во загреани чинии и додајте сирење и власец непосредно пред сервирање.