Супа во леб: Рецепт за совршено кремаста супа која убаво ќе ве загрее

Фото: Freepik
144

Густи и полни со вкус, супите кои се служат во леб може да се направат од сирење и зеленчук како брокула, неколку видови печурки и сланина или месо, а се идеални кога е надвор ладно, а вие сакате оброк што ќе ве стопли.

Супата во леб не е само јадење што изгледа импресивно, туку и вкусен специјалитет во кој ќе уживате. Ако сакате, можете и сами да си ги замесите „чиниите“ за јадење, такашто ќе го чувате тестото во замрзнувач до два месеци и ќе го извадите кога ви затреба да испечете леб.

Густи и полни со вкус, супите кои се служат во леб може да се направат од сирење и зеленчук како брокула, неколку видови печурки и сланина или месо, а се идеални кога е надвор ладно, а вие сакате оброк што ќе ве стопли.

Процесот, се разбира, ќе биде многу побрз ако на списокот на состојки има и неколку мали, тркалезни парчиња рустикален леб со потврда кора, а лебот од кисело тесто е полн погодок.

Состојки за супа од сирење, во леб:
4 лажици путер
1 главица кромид
1 стебленце целер
1/2 лажичка сол
1 чешне лук
3 лажици брашно
250 мл млеко
250 мл крем за готвење
500 мл супа од пилешко или зеленчук
450 гр брокула
1 голем морков
1/2 лажичка свежо мелен црн пипер
1/4 лажичка свежо рендано морско оревче
400 гр сирење (чедар) + за поросување
1 лажичка лут сос + за сервирање
4 тркалезни лепчиња
4 парчиња сланина

Приготвување:
Во тенџере растопете го путерот и додадете го исечканиот кромид, целерот и солта и пржете додека да омекне, а потоа додадете го ситно сечканиот лук и пржете уште 1 минута.
Ставете го брашното врз зеленчукот и пржете го со постојано мешање 2 минути, а потоа додадете ги млекото, кремот за готвење и супата.
Додадете сечкана брокула, моркови, црн пипер и морско оревче. Покријте и динстајте додека зеленчукот не омекне.
Од врвот на лебот исечете парче дебело околу половина сантиметар. Отстранете го мекиот дел од средината на лебот, оставајќи околу сантиметар и пол околу рабовите и на дното. Лебот што го одвоивте чувајте го за презли или друго јадење.
Во тава пропржете ја сланината.
Супата тргнете ја од оган и процедете ја, потоа повторно ставете дел од зеленчукот и изблендирајте, потоа вратете на тивок оган и измешајте го ренданото сирење, малку по малку за да има време да се стопи пред да додадете уште.
Пробајте и зачинете: измешајте лут сос и сол и пипер по потреба. Истурете ја супата во „чиниите“ од леб и поросете со уште сечкано сирење и додадете лут сос. Украсете со сланина.