Суперхрана, рајски плодови, сочни и слатки: Смоквите го намалуваат притисокот, а лисјата – шеќерот во крвта

Фото: Pexels
227

Смоквите се едни од оние вкусни раскошни плодови на летото кои се полни со витамини. Со оглед на тоа што нивната сезона кратко трае, кога ќе ги видите, купете ги и вклучувајте ги што почесто во вашето мени.

Смоквите се нарекуваат и суперхрана и рајски плод и ризница на здравје, а најпознати се по тоа што го штитат видот од последиците од макуларна дегенерација, помагаат при еректилна дисфункција, спречуваат рак на дебело црево, ја регулираат столицата, ги јакнат коските и го спречуваат губењето на калциум, добри се за дијабетес, ги снижуваат и холестеролот и високиот крвен притисок и штитат од срцеви заболувања.

Според пронајдените фосилни остатоци, заклучено e дека се одгледувале долго пред пченицата и јачменот и со тоа претставуваат прв пример за организирано земјоделско производство.

Смоквата е најдобра кога е свежо собрана од дрвото и сѐ уште влажна од утринската роса, но не може секој да си го дозволи ова задоволство.

Ама сега е периодот кога можете да си ги „наберете“ и од пазарските тезги, па правете го тоа што почесто додека сѐ уште ги има.

Не само што се вкусни, сочни и слатки, туку се и здрави.

Го намалуваат крвниот притисок

Смоквите се одличен извор на калиум кој помага да се намали и регулира крвниот притисок.

Овој минерал е слабо достапен во храната, а во исто време е неопходен во денешниот свет каде голем број луѓе страдаат од неговиот недостаток заради засилената консумација на сол.

Помагаат при слабеење

Ова сочно медитеранско овошје е исто така добар извор на диетални влакна, кои го подобруваат варењето и обезбедуваат подолга ситост, а со тоа помагаат да се намали телесната тежина.

Исто така, треба да се спомене дека 100 грама свежи смокви содржат само 74 калории.

За добро расположение

Смоквите содржат значителна количина на витамин Б комплекси кои му даваат енергија на телото, обезбедуваат еластичност на кожата и јачина на мускулите.

Една од придобивките на оваа група витамини е тоа што ја подобрува работата на мозокот и го подобрува целокупното расположение.

Лисјата го намалуваат шеќерот во крвта

Не треба да избегнувате ниту консумирање лисја од смоква.

Имено, тие имаат антидијабетични својства, односно го намалуваат нивото на шеќер во крвта.

Некои студии покажале дека се од голема помош за регулирање на шеќерот кај луѓето кои страдаат од дијабетес тип 1.

Можете да ги користите за подготовка на разни јадења, но и за чај.

Помагаат за брадавици

Во народната медицина, смоквите исто така се сметаат за одличен помошник за проблемите со курји очи и брадавици.

Доволно е да ставите половина од свеж плод од смоква на проблематичното место на телото, да го оставите преку ноќ и да се исплакнете со топла вода наутро.

Потоа би требало полесно да ги отстраните.

Во тешки случаи, повторете ја постапката неколку пати.