Светски ден на бургери без месо: Подобар избор за здравјето на луѓето и за околината

Фото: Freepik
69

За една растителна плескавица се користат дури 99 отсто помалку вода и 93 отсто помалку обработливо земјиште и се користи 46 отсто помалку енергија отколку за една плескавица од месо. Растителните бургери обезбедуваат еднаква и поголема количина на протеини и други хранливи материи, без холестерол и без кланици

Неслучајно на 5 јуни, Светскиот ден на животната средина, во последните години се одбележува и Денот на растителните плескавици.

На овој ден се привлекува вниманието на фактот дека сите намирници од животинско потекло можеме лесно да ги замениме со алтернативи од растително потекло, вклучувајќи го и хамбургерот како симбол на нееколошкиот начин на избор на храна, чија консумација придонесува за епидемија на дебелина во светот.

Плескавиците од растително потекло го преплавуваат светот и полека, но сигурно стануваат редовна понуда во сите ресторани.

Да го прославиме Денот на плескавицата од растително потекло на многу едноставен начин – да

најдат готов растителен бургер што ќе им се допадне или да ја направат омилената плескавица од

растително потекло според еден од многуте рецепти кои ги има на социјалните мрежи.

А дека плескавиците од растително потекло го заслужуваат својот ден, како и место во нашите

менија, покажуваат неверојатните податоци според кои за една растителна плескавица се

користат дури 99 отсто помалку вода и 93 отсто помалку обработливо земјиште и се користи 46

отсто помалку енергија отколку за една плескавица од месо.

Исто така, плескавицата од растително потекло предизвикува 90 проценти помалку глобално

затоплување, а обезбедува еднаква и поголема количина на протеини и други хранливи материи,

без холестерол и без кланици. Тоа се нарекува подобар избор за секого.

Најдобрите рецепти за вегетаријански ќофтиња ќе ги најдете ТУКА.