Таа е природен лек за многу болести! Можете да ја направите лесно и сами
Помага на дигестивниот систем, а се користи и како природен лек за атеросклероза и висок крвен притисок, третман на астма, ревматизам и чир на желудник. Добра е за зајакнување на имунолошкиот систем, ја чисти кожата и помага кај разни видови рак.
Расолницата, позната и како сок од кисела зелка, е ценета со векови поради нејзините здравствени придобивки. Овој пијалак е богат со пробиотици, витамини и минерали, што го прави корисен за нашето здравје. Тој е омилен зимски пијалак за сите љубители на солена храна, особено кисели напитоци од зимница.
Помага на дигестивниот систем, а се користи и како природен лек за атеросклероза и висок крвен притисок, третман на астма, ревматизам и чир на желудник. Добра е за зајакнување на имунолошкиот систем, ја чисти кожата и помага кај разни видови рак.
Содржи големи количини на витамини Б, Ц, Е, К и минерали како што се калиум, калциум, фосфор, сулфур, железо, бакар, цинк и магнезиум.
Кога се кисели, зелката дополнително се збогатува со витамин Б12, кој нормално се наоѓа во животинските производи.
Киселата зелка е дополнително збогатена со фитонутриенти и витамин Ц, а содржи и антоцијанин, антиоксидант кој ги штити сивите мозочни клетки.
Расолницата може да се пие сама, а покрај тоа, можете да ја користите и за разни супи и чорби. Киселата зелка долго време е присутна во менијата низ цела Европа, вклучително и во нашата домашна кујна.
Како сами да направите расолница?
Состојки:
1 главица зелка со средна големина
1 лажица сол
2 до 3 чешниња лук (по желба)
Подготовка:
Отстранете ги оштетените надворешни листови од зелката, исечете ја главицата на 4 дела, отстранете го тврдото јадро, а потоа изрендајте ја зелката. Додадете сол и мешајте со раце неколку минути или додека не забележите дека почнал да се создава сок на дното од садот.
Префрлете ја изренданата и посолена зелка во стаклен сад од 1 литар и добро притиснете за да ги отстраните сите воздушни џебови. Ова е важен чекор бидејќи кислородот го поттикнува размножувањето на штетните бактерии.
Откако цврсто ќе ја притиснете изренданта зелка за да биде целосно покриена со сокот што го испуштила, покријте ја со еден од листовите што сте ги оставиле настрана, а потоа притиснете ја со мал стаклен сад или дрвена штица. Чувајте го садот со кисела зелка на собна температура и подалеку од директна сончева светлина од 1 до 4 недели.
Можете да ја вкусите зелката и расолницата по седум дена, но имајте на ум дека вкусот ќе биде поинтензивен и подобар кога ферментацијата трае подолго.