Топло чоколадо со куркума

Фото: coconutsandkettlebells.com
72

Оваа малку необична, но едноставна комбинација не само што е вкусна, туку е и исклучително здрава!

Топлото чоколадо со куркума има совршен спој на зачини за загревање и богато какао, а може да се направи за неколку минути. Овој напијаток не само што е кремаст и вкусен, туку додавањето на куркумата му дава моќни антивоспалителни својства.

Иако топлото чоколадо со куркума можеби е ново за вас, веројатно сте слушнале за златното млеко (или за чај од куркума), кој е веќе познат топол напиток направен со куркума, млеко и зачини. Во поново време, куркумата стана многу попопуларна во западниот свет бидејќи содржи биоактивни соединенија со лековити својства.

Најкорисното од овие соединенија се нарекува куркумин, кој има антиинфламаторни и антиоксидантни својства.

Куркумата помага при многу здравствени состојби: ги ублажува симптомите на артритис, помага во спречување на многу видови на карцином, може да го намали ризикот од Алцхајмерова болест и Паркинсон, помага при лекување на Кронова болест, лупус, псоријаза …

Исто така, куркумата го зајакнува метаболизмот, ја подобрува циркулацијата и помага во функционирањето на мозокот, а чоколадото содржи серотонин, хормон на среќата, такашто овој вкусен пијалок ве прави посреќни и поздрави.

Рецептот за овој чоколаден напиток со куркума е многу едноставен, има само три главни состојки и се подготвува за кратко време. Овој пијалак има ароматичен вкус, а моќната куркума ќе му даде интересна, интензивна боја. Бадемовото млеко содржи малку маснотии и многу витамини, такашто ќе го направи напитокот помалку калоричен, но нутритивно побогат.

Состојки:

1 чаша полномасно кокосово или бадемово млеко
1 лажица какао во прав
1 лажица мед
1/2 лажиче куркума во прав
1/4 лажиче цимет
Прстофат црн пипер
Прстофат морско оревче

Приготвување:

Загрејте го млекото и додадете го какаото. Нека се готви додека не почне да врие. Тргнете го од ринглата, додадете ги другите состојки и добро измешајте.

Рецептот и фотографијата се од ТУКА.