Тортиља со авокадо и јајца

Фото: Pixabay
107

Ова е еден од оние веќе познати брзи рецепти за сите што имаат многу малку време за готвење, а голема желба да се хранат здраво

За овој брз и здрав оброк има еден куп варијанти, па затоа не мора да се придржувате за нашиот рецепт туку слободно испробувајте ги сите оние варијанти кои ќе ги содржат вашите омилени состојки.

Сепак, најдобра комбинација е кога во основата се јајца и авокадо.

Состојки:


1 интегрална тортиља
2 јајца
1/2 зрело авокадо
2 лажици грчки јогурт
1 лажичка путер
Сол и бибер

За послужување: спанаќ, рукола, домати…
Подготовка:

  1. Јајцата се матат и се пржат како омлет на растопен путер. Додадете сол и бибер по желба.
  2. Авокадото се пасира со вилушка или се сече на коцки.
  3. Во тавче загрејте ја тортиљата и врз неа ставете ги омлетот и авокадото. Додадете грчки јогурт и завиткајте.
  4. Послужете со спанаќ или со рукола, пиперка, домати или која било друга состојка по ваш избор. Не е лошо за зимската варијанта да си ставите само рукола, пченка и прелив од таан и лимон.