Тоскана ли е, Скопје ли е? Три дена вистинска тосканска кујна во нашиот град

456

Од 10. до 12.ноември во Таверна Тоскана гостува славниот италијански шеф Дучо Лоренцини, еден од главните „виновници“ поради кои нашиот Влатко Огненовски ја има тосканската кујна во малиот прст. Наскоро, на „Арт кујна“ ќе можете да го читате ексклузивното интервју со Лоренцини

Од утре (10.ноември, од 19 часот), во Таверна Тоскана, за оние кои не знаат, сместена во скопската населба Тафталиџе 1 во Скопје, не очекува тридневно врвно гастрономско уживање во вистинска тосканска кујна.

Нашиот шеф Влатко Огненовски повторно го дочекува својот учител и гуру, драг пријател и колега, славниот италијански шеф Дучо Лоренцини кои веќе неколку пати доаѓа во нашата земја и ги носи со себе вкусовите на оригиналната тосканска кујна. За комплетно уживање ќе придонесе и италијанската музика во живо која ќе ја изведува оперската певица со италијанско потекло и наследничка на баритонот Енцо Серини, Серафина Фантаузо.

Во менито на Лоренцини и во звуците на италијанската музика ќе можат да уживаат сите вљубеници во Италија, но и оние кои допрва ги запознаваат нејзините вкусови, а „Арт кујна“ во наредните денови ќе ви го сервира и ексклузивното интервју со шеф Лоренцини.