Трик со ѓумбир за сите кои страдаат од надуеност
Зачин кој се смета за релативно хранлив – ѓумбирот е извор на калциум, бакар, магнезиум, манган, фосфор, селен, цинк, железо и витамин Ц. Научете како да направите напиток против надуеност!
Покрај витамини и минерали, ѓумбирот го содржи и многу интересното соединение џинџерол, кое во лабораторија покажува многу корисно дејство, а се надеваме дека ќе се докаже дека и кај луѓето може да делува антиинфламаторно, антиканцерогено и антиоксидантно.
Поновите научни сознанија покажуваат дека освен за кулинарски цели, ѓумбирот често се користи и за ублажување на бројни заболувања.
Од прегледот на досега спроведените научни истражувања се заклучува дека постојат докази за ефикасноста на ѓумбирот во ублажување на мачнините кај бремени жени и кај постоперативните мачнини и повраќање.
Има помалку убедливи докази дека е корисен за болести при движење, гадење и повраќање предизвикани од други состојби и артритис.
Ѓумбирот се користи и за надуеност. Истражувањето објавено во 2011 година во World Journal of Gastroenterology покажало дека ѓумбирот го забрзува празнењето на желудникот, особено кај луѓето со проблеми со варењето, а со тоа ја намалува болката и непријатноста во горниот дел на дигестивниот систем.
Како да подготвите напиток од ѓумбир?
Оние кои страдаат од проблем со надуеност и вишок гасови, можат да пијат ѓумбир сварен во топла вода. Таков напиток најдобро е да се пие наутро на празен стомак, бидејќи ќе ја подобри работата на цревата.
Изрендајте или исечете парче свеж ѓумбир и прелијте го со шолја топла вода и оставете го да отстои 10 минути.