Убива Хеликобактер пилори, го чисти црниот дроб, ја намалува анксиозноста

Фото: Pexels
268

Растворливите влакна и антиоксидантите придонесуваат за намалување на LDL холестеролот и за подобрување на васкуларната еластичност, што ги прави морковите корисни за спречување на атеросклероза и кардиоваскуларни болести.


Морковите се апсолутен победник во однос на количината на бета-каротенот, кој во организмот се претвора во витамин А. Овој зеленчук е моќен природен сојузник во превенцијата и лекувањето на многу болести, но студиите нудат и некои досега непознати докази за поретко спомнувани состојби.

Кои корисни хранливи материи ги содржи морковот?

Коренот од морков е богат извор на јаглени хидрати, протеини, пектини, флавоноиди, комплекси на минерални соли, витамини од групата Б (особено витамин Б3 или ниацин – попознат како витамин ПП), како и аскорбинска киселина (витамин Ц). Истражувањата потврдуваат дека најголем процент на корисни соединенија се наоѓаат во надворешните слоеви на коренот.

Редовното консумирање моркови во количина од 50 до 100 грама дневно може значително да придонесе за спречување на недостаток на витамини, како и за ублажување на симптомите на бројни болести.

Што велат истражувањата, за кои состојби е корисен морковот: За хеликобактер, за варењето, видот…
Морковите имаат изразени антивоспалителни и дијафоретични својства (го стимулираат потењето), што ги прави корисни за настинки, кашлица, бронхитис и астма. Благодарение на високата содржина на бета-каротен, се сметаат за „храна за очи“, го зајакнуваат имунитетот и ја подобруваат функцијата на дигестивниот тракт. Поволно делуваат и на хемороидите и делуваат како антисептик, покажале истражувањата.

Помалку е познато дека морковите се природен непријател на Helicobacter pylori, бактеријата одговорна за гастритис и чиреви. Помага и при симптоми како надуеност, киселини, мачнини и губење на апетитот. Се препорачува да се консумира свежо цеден сок од морков (1,5 до 2 дцл) половна час пред појадок, во траење од 40 дена.

Моркови за здравје: Кои се нивните помалку познати придобивки?

Детоксикација на црниот дроб и помош при замастен црн дроб (стеатоза)
Благодарение на комбинацијата на антиоксиданти, морковот поттикнува елиминација на токсините и може да помогне во регенерацијата на клетките на црниот дроб. Се препорачува како додаток на терапијата кај безалкохолни масни заболувања на црниот дроб.

Превенција на атеросклероза и намалување на холестеролот
Присуството на растворливи влакна и антиоксиданти придонесува за намалување на LDL холестеролот и за подобрување на васкуларната еластичност, што ги прави морковите корисни за спречување на атеросклероза и кардиоваскуларни болести.

Поддршка за хормонална нерамнотежа кај жените
Научните истражувања покажуваат дека сировиот морков, поради својот уникатен состав на влакна и фитохемикалии, може да придонесе за елиминација на вишокот естроген од телото, а се препорачува за жени кои страдаат од ПМС, болна менструација и хормонални акни.

Помага при анксиозност и блага депресија
Присуството на витамини од Б комплекс, калиум и магнезиум може да има корисен ефект врз нервниот систем. Морковите придонесуваат за стабилизирање на расположението и намалување на чувството на замор и напнатост.

Поддршка за здравјето на панкреасот
Некои биоактивни компоненти на морковот покажуваат благ хипогликемичен ефект и може да помогнат во контролата на нивото на шеќер во крвта и да ги заштитат клетките на панкреасот кај луѓето предиспонирани за дијабетес тип 2.

    Бета каротенот во истражувањата
    Истражувањата покажале дека β-каротенот, присутен во морковите, може да има корисен ефект врз здравјето на црниот дроб и менталното здравје. Една студија објавена во списанието Antioxidants сугерира дека β-каротенот може да има превентивни и заштитни ефекти врз хепаталната стеатоза, фиброзата, оксидативниот стрес, воспалението и апоптозата.

    Исто така, мета-анализата објавена во Nutrients сугерира дека зголемениот внес на каротеноиди може да биде поврзан со намален ризик од симптоми на депресија.