Увиниот чај има посилно дејство во комбинација со сода бикарбона: Кога и како треба да се консумира?

Фото: Pexels
368

Увиниот чај никогаш не треба да се конзумира доколку инфекцијата се проширила на бубрезите

Растението ува (ува урси), најчесто како увин чај, со векови се користи како помошно средство за проблеми со уринарниот тракт, пред се, за инфекции.

Зошто е важно правилно да се подготви и да се користи овој чај: Што е арбутин?

Фитотерапевтите забележуваат дека мнозинството граѓани не ги знаат хемиските правила и принципи со кои увиниот чај влијае на способноста на уринарниот тракт да се бори против инфекцијата.

Ако се користи правилно, овој чај може да помогне при уринарни инфекции, особено оние предизвикани од ешерихија и протеус бактерии.

Своите корисни својства увиниот чај му ги должи на арбутинот, многу важна компонента на неговиот состав.

Арбутинот се разложува во бубрезите на гликоза и хидрохинони, кои содржат антисептички својства. Антисептиците, како што е познато, ги елиминираат штетните патогени.

Сепак, антисептичкиот ефект не може да се манифестира ако урината има зголемена киселост. Оптималниот ефект се јавува во алкална средина.

Треба да знаете и дека хидрохинонот може да има несакани дејства доколку го земате увиниот чај на своја рака, во смисла на изборот и дозата.

Зошто се препорачува комбинирање на увин чај и сода бикарбона?

Најдобро е, а тоа е потврдено со некои студии, да се консумира увин чај и да се пие со сода бикарбона.

Тогаш, лековитите состојки ќе покажат максимални антимикробни својства и ќе делуваат во идеална базна (алкална) средина (рН вредност поголема од 7).

Комбинираната употреба на увин чај и сода бикарбона не само што ќе ги подобри корисните својства на чајот, туку е пожелна и за луѓето кои имаат стомачни проблеми.

Оваа билка содржи состојки кои можат да го иритираат желудникот, но содата ќе го спречи нивното распаѓање во него.

Некои намирници, како што се месото, млечните производи и газираните пијалаци, ја зголемуваат киселоста на урината, а во киселата урина состојките немаат никакво дејство – напротив, можат да предизвикаат контраефект.

Како правилно да ја подготвите оваа комбинација

Прелијте една лажичка увин чај со 2 децилитри врела вода.

Покријте и оставете да отстои покриено 30 минути. Исцедете.

Содата не се става директно во чајот, туку одделно во вода.

Додека чајот се лади испијте чаша вода во која е растворена лажичка сода бикарбона и по 15 минути испијте го чајот во мали голтки.

Оваа комбинација е многу добра за луѓето кои имаат чувствителен стомак.

Дури и при идеални услови, во алкална средина, увиниот чај не треба да се користи повеќе од седум дена, а најмногу пет пати во текот на годината.

Не се препорачува употреба на увин чај кај трудници и доилки, како и кај деца под 12 години.

Не пијте повеќе од три шолји дневно и задолжително консултирајте се со стручно лице пред да почнете со чајот.

Можни несакани ефекти

За да има уште подобар ефект, увиниот чај треба да ја прилагодите исхраната со конзумирање повеќе вода, овошје, зеленчук и житарки.

Треба да се избегнуваат кофеин, алкохол, газирани пијалаци, оцет, масти, шеќери, црвено месо и живина, млечни производи и особено брусница.
Никогаш не треба да се пие овој чај ако инфекцијата ги зафатила бубрезите.

Бубрезите ги разградуваат молекулите на арбутин, па ако има инфекција, нивната функција нема да биде оптимална. Ова би можело да остави токсини во телото и да предизвика проблеми.