Уживајте како Јапонците: Како правилно да јадете суши?

Фото: Pexels
96

Да се јаде со стапчиња за јадење или не, е честа дилема. Имено, јадењето со прсти е всушност дел од јапонската традиција и се смета дека на тој начин сте најдобро поврзани со храната. А сепак, денес претежно сите јадат со стапчиња за јадење, најмногу, од хигиенски причини…

Теоретски, сушито е многу едноставно јадење што можете да го јадете како што сакате. Меѓутоа, доколку сакате да уживате исто како да сте „домашен“ во Токио, запомнете дека начинот на јадење варира во однос на амбиентот во кој се наоѓате. Со овие едноставни трикови ќе се разликувате од типичните аматери, па можеби не е лошо да ги прочитате овие совети кои беа објавени на порталот CNN…

Обуката да се биде готвач за суши е многу интензивна и одзема многу време, а честопати се потребни неколку години пред постарите готвачи да им дозволат на учениците самите да ги сечат скапите парчиња риба. Еден од таквите „суши храмови“ е Суши Савада, ресторан со две Мишелин ѕвезди, сместен во престижниот кварт Гинза во Токио.

Според нивната препорака, долниот дел од сушито не треба да се потопува во соја сос, туку делот на кој е рибата. На овој начин оризот нема да се распадне и нема да впие премногу сос и да го промени вкусот на јадењето. Покрај тоа, рибата треба да биде првото нешто што ќе го допре јазикот. Улогата на киселиот ѓумбир е да го „одмори“ непцето пред следниот залак.

Секој вистински суши ресторан ќе ви го даде вашиот ошибори, пешкир со кој ќе ги бришете рацете меѓу секој залаците.

Вообичаено, со суши се сервира лут васаби сос. Ако ставите премногу васаби на својот залак, ќе можете со крајчето од окото да го фатите намуртениот поглед на суши шефот. Секој од нив го смета своето суши веќе за доволно зачинето, а премногу Васаби дефинитивно ќе го промени вкусот на јадењето. Исто така, не е вообичаено да се мешаат соја сос и васаби, освен ако не јадете сашими (тенко исечена сирова морска храна која се служи без ориз и не се смета за вид на суши).

Да се јаде со стапчиња за јадење или не, е честа дилема. Имено, јадењето со прсти е всушност дел од јапонската традиција и се смета дека на тој начин сте најдобро поврзани со храната. А сепак, денес претежно сите јадат со стапчиња за јадење, најмногу, од хигиенски причини…

Ако се најдете во подобар ресторан за суши, немојте да се изненадите ако нема класично мени туку неколку „менија за дегустација“ со различни ценовни распони. Тоа е затоа што менито се креира според тоа кои намирници се најсвежи тој ден.

По правило, секој залак во чинијата ќе го добиете веднаш откако ќе се направи, а не се смета за учтиво да го држите предолго на чинијата, бидејќи температурата и влажноста на храната ќе се менуваат со стоењето, а со тоа и доживувањето на јадењето.

Во најдобрите ресторани често ќе ве прашаат кои намирници ги преферирате и не двоумете се да ја кажете вистината – менито ќе биде креирано според вашите желби. Исто така, пофалете го готвачот и спомнете кое јадење ви било особено добро.