Вака правилно се приготвува турското кафе: Пробајте на стариот начин – никогаш не сте пиеле подобро!

Фото: Pexels
355

Дознајте кои се најчестите грешки кои буквално го убиваат оригиналниот вкус на кафето!
Но, прво и основно, купете квалитетно кафе. Не штедете – нека биде едно, ама вредно!

Има нешто посебно во турското кафе! Денес, кога го има сѐ помалку во кафулињата и најчесто го пиеме дома, за да не падне во заборав, ве потсетуваме како правилно да ја сварите кралицата на сите кафиња!

Дознајте кои се најчестите грешки кои буквално го убиваат оригиналниот вкус на кафето!

Но, прво и основно, купете квалитетно кафе. Не штедете – нека биде едно, ама вредно!

Малкумина знаат дека за турско кафе не треба да проврие водата на почетокот! Во ѓезвето водата се загрева до точка на вриење, но не зоврива, се трга од шпоретот.

Дел од водата се истура во шолјата, а во останатото се додава кафе (една дарежлива кафена лажичка за секоја шолја или повеќе ако филџаните се поголеми или сакате појако кафе).

Промешајте да нема грутчиња, па повторно ставете го на оган и кога ќе дојде до работ на ѓезвето, повторно тргнете го од оган и додадете ја водата што ја истуривте на почетокот.

Повторно ставете го на рингла и оставете да зоврие.

Тргнете го, почекајте неколку секунди и додадете една лажичка ладна вода. Тогаш кафето е подготвено за послужување!

Основни грешки при подготовка на кафе:
– Премногу мешање го убива вкусот;

– Ако се остави неколку пати да се крене до врвот на ѓезвето, се уништува пената и се менува вкусот на кафето;

– Мешањето откако кафето е сварено, исто така ќе го промени вкусот на вашиот омилен утрински пијалак;

– Ако кафето е засладено, најдобро е да се додаде шеќер додека водата е сѐ уште ладна во ѓезвето, пред да се додаде кафето.

Пробајте и сами ќе се уверите колку е вкусот поинаков и подобар!