Без оглед на тоа дали купувате органско или конвенционално одгледувано овошје и зеленчук, важно е темелно да ги измиете пред да ги користите – тоа е наједноставниот чекор кон поздрава исхрана.
Пестицидите се користат во одгледувањето овошје и зеленчук за заштита на растенијата од штетници, плевели и разни болести, со цел да се зголемат приносите, да се намали расипувањето на плодовите за време на складирањето и транспортот, а исто така и за да изгледаат поубаво и попривлечно.
Валканата дванаесторка е годишна листа објавена од американската непрофитна организација Environmental Working Group (EWG), која вклучува 12 видови овошје и зеленчук кои најчесто се одгледуваат конвенционално и содржат најмногу остатоци од пестициди.
Од друга страна, бројни студии покажале дека долготрајната изложеност на пестициди може негативно да влијае на здравјето – предизвикувајќи хормонални нарушувања, па дури и невролошки проблеми кај поединци.
Темелно измијте и ако е можно, излупете ги овошјето и зеленчукот
Затоа е важно неорганското овошје и зеленчук темелно да се мие под млаз вода, а се препорачува и нивно потопување во раствор од оцет, вода и сода бикарбона. За да се намалат остатоците од пестициди, најдобро е плодовите што можат, да се излупат или термички добро да се обработат.
EWG препорачува намирниците од листата „валкана дванаесторка“ да ги купувате само ако се од органско потекло, бидејќи тие се оние кои најверојатно содржат најмногу остатоци од пестициди на нивните површини.
Еве ја листата „Валкана дванаесеторка“ за 2025 година:
Спанаќ (Спанаќот има повеќе остатоци од пестициди по тежина од кој било друг вид производ)
Јагоди
Лиснати зеленчуци (Особено кељ, блитва и раштика. Повеќе од половина од примероците од кељ се загадени со пестицид што може да предизвикува рак)
Грозје
Праски (Праските се исклучително чувствителни кога станува збор за контаминација со пестициди)
Цреши
Нектарини
Круши (Крушите се меѓу најзагадените со пестициди овошја во „Dirty Dozen™“ на EWG)
Јаболка (Јаболката се полевани со хемикалии по бербата)
Капини (Статусот на новодојденец на капините на листата „Dirty Dozen“ доаѓа откако USDA го тестираше овошјето за прв пат, во 2023 година)
Боровинки (За боровинките, бројот и токсичноста на пестицидите продолжуваат да бидат проблем)
Компири (Еден од најконзумираните зеленчуци во САД – се придружува на овогодинешната листа на „Dirty Dozen“
Сепак, некои научници и професионални организации ја критикуваат листата, наведувајќи дека методологијата на EWG не е секогаш доволно прецизна и дека количините на пестициди на овошјето и зеленчукот се претежно во рамките на дозволените граници и безбедни за консумирање.
Без оглед на тоа дали купувате органско или конвенционално одгледувано овошје и зеленчук, важно е темелно да ги измиете пред да ги користите – тоа е наједноставниот чекор кон поздрава исхрана.